Да Го пофалиме преблагиот Бог, Кој ги прослави Своите свети отроци кои се подвизуваа за Него крепко, зашто не може да се скрие град, што стои на врв планина. Не можат да се скријат ни страдањата на светите, што ги претрпеа од беззаконите цареви, и тие светат како сонце, испуштајќи златозарни зраци.

Така се случи и со трите свети момчиња (отроци), кои беа од царски род. Кога халдејскиот народ го нападна Ерусалим и царот Навуходоносор го заплени градот и го разграби, тие три момчиња беа одведени во Вавилон, заедно со други Евреи. Зашто Господ му беше рекол на Израилот: „Ако твоите синови го остават Мојот завет, ќе ги предадам во рацете на непријателите“. И пак говори Господ преку (пророк) Михеј: „Вашите празници ќе ги претворам во тага,“ и ќе ве преселам на другиот крај на Вавилон“. Поради тоа и Јеремија, плачејќи, говореше за Ерусалим: „Како остана сам градот, мајката на градовите, како вдовица чиишто деца се земени!“ Халдеите ги одведоа сите Евреи во Вавилон, по илјада со една верига. Со нив беа и трите царски момчиња и пророк Даниид. Ги водеа боси по трње и ги биеја. Кога беа крај реката, ги принудуваа и велеа: „Запејте ни песна за вашиот Бог!“ А светите момчиња говореа: „Како можеме да пееме (Господова) песна на туѓа земја?“ И ги мачеа до деветтиот час, и тие запеаја вака: „Крај реката вавилонска, таму седевме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион“. И беа доведени во Вавилон.

Кога царот ја виде убавината на тие момчиња, тој нареди да ги хранат со царски јадења, за да станат уште посветли. Но царските јадења не се како овошјето, Трите момчиња не се допираа до царската храна, туку јадеа од овошјето, и постот ги направи нивните лица уште посветли. Царот ги постави за началници во вавилонската страна. Нивните имиња беа сменети со: Седрах, Мисах и Авденаго.

Тогаш царот Навуходоносор направи златен кип-идол на полето Деир, кој беше висок шеесет лакти, а широк - шест лакти. И заповеда царот Навуходоносор да се соберат сите луѓе, и сите да дојдат и да му се поклонат на кипот. Тој нареди да направат печка и да ја разгорат. И рече: „Штом ќе го чуете звукот од трубата, од свирката, од цитрата и од гуслето, клањајте му се на идолот. А оној што нема да се поклони, ќе биде фрлен во вжарената печка“.

Светите момчиња, заедно со Даниил еднодушно се утврдуваа во верата во Бога да не му се поклонат на идолот, ниту да ја послушаат наредбата царева, туку крепко се подготвуваа за мачеништво, откако ги вооружија своите души како храбри воини. Иако тие беа млади по тело, беа совршени по ум.

Тогаш дојдоа некои и ги наклеветија на царот трите момчиња (Ананиј, Азариј и Мисаил) дека не му се поклонија на идолот (кипот). Царот нареди да ги доведат и рече: „Зошто не ја послушавте мојата заповед и не му се поклонивте на златниот кип? Ете ја разгорената печка. Животот и смртта се пред вас, Изберете го тоа што го сакате. Штом ќе го чуете звукот на трубата и на цитрата, паднете и поклонете му се на кипот!“ А момчињата, претпочитајќи да страдаат, ја пренебрегнаа царската наредба и рекоа: „Нашиот Бог, Кому што ние Му служиме, е на небесата, и нема да му се поклониме на кипот направен од тебе“.

Тогаш царот нареди да ја разгорат печката со битумен и смола, со колчишта и лозови прачки. И тој рече: „Разгорете ја печката седумпати посилно, додека не се вжешти докрај“. И нареди да ги оковат во вериги и да ги фрлат во печката со облеката. И светите (момчиња) беа фрлени во неа. Пламенот се распалуваше и се издигаше над печката четириесет и девет лакти. Мажите што ги наклеветија светите момчиња беа изгорени од пламенот крај печката. Момчињата паднаа во печката и одеа среде пламенот. Ангел, пак, Господов слезе во печката со Азариј, и со оние што беа со него, и го исфрли пламенот од печката, и се јави во печката како росен ветер, и огнот не ги допре и не ги повреди, ниту ги опари, ниту ги збуни.

Тогаш трите момчиња, како со една уста пееја и Го славеа Бога, и во печката говореа:

„Благословен си, Господи, Боже на нашите отци;

фалено и прославено е Твоето име во вековите!“

Благословен е Бог, Кој им даде толкава смелост и сила на светите момчиња, и го изгасна огнот преку великиот архистратиг Михаил, когошто го испрати Господ Бог и ја оброси печката. Зашто е напишано: „Дивен е Бог во Своите светии!“ И: „Бог ги прославува своите светии“ Трите свети момчиња примија толкава сила и смелост, што не се исплашија од царот, ниту се исплашија од вжарената печка, а го уништија ракотворниот идол. И Бог ги прослави така што долго време ликуваа заедно со ангелот среде пламенот. Огнот, пак, им беше како роса, а печката - како палата.

И како што почнавме да раскажуваме за трите свети момчиња и да Му упатуваме на Бога пофални песни, така и да завршиме. Зашто Бог ги прослави тогаш во печката, а сега ги прославува на небесата. И ние ги прославуваме во Црквата Божја.

А кога трите свети момчиња се молеа, со нив застана и Азариј, и се помоли вака: „Благословен си, Господи, Боже на отците наши, нека е фалено и прославувано Твоето име во вековите, зашто Ти си праведен во сѐ што си ни направи, и сите Твои дела се вистински, и тоа што го направи против Ерусалим, светиот град на нашите отци, е справедливо, бидејќи и по вистина и по суд Ти го испрати сево ова против нас поради нашите гревови. Оти ние згрешивме и против Законот постапивме. Ти постапи праведно и нѐ предаде во рацете на непријателот - царот престапник, најлукавиот на целата земја. Но не предавај нѐ засекогаш, заради Твоето име“.

А кога царот Навуходоносор виде дека огнот не ги допира од никаде, нареди да фрлаат смола и битумен, колчишта и лозови прачки, та уште повеќе да се разгори печката. И не престанаа царевите слуги да ја вжештуваат уште повеќе печката со нафта и со смола. Огнот излезе од печката и ги изгоре сите мачители, кои се најдоа околу печката. Ангелот, пак, Господов ја оброси печката, и го тргна пламенот од неа. И трите момчиња со ангелот останаа во печката, веселејќи се и пеејќи.

Царот Навуходоносор слушна како пеат и се зачуди. И кога виде дека огнот во печката се претворил во роса, стана бргу и на Своите велможи им рече: „Зар не фрливме три мажи оковани среде печката? Ете, сега јас гледам четворица како одат сред огнот, и по нив нема изгоретини, а изгледот на четвртиот е сличен на Синот Божји? Азариј, пак, од печката му рече на царот Навуходоносор: „Кога не Го познаваш Бога, како тогаш Го признаваш Синот Божји? Поради тоа ние трпиме за Него, очекувајќи го Неговото воплотување од Дева“. А Навуходоносор одговори: „Азарие, јас гледам светлина како слегува на вас од небото“. И пристапи до вратата на печката, Му се поклони на Бога и рече: „Благословен е Господ Бог, Кој го испрати Својот ангел да ги избави Своите слуги, кои се надеваа на Него, и не ја послушаа царската заповед, и своите тела му ги предадоа на огнот, за да не се поклонат и да не служат на секаков бог-идол, освен на Господа - својот Бог. И, ете, јас давам заповед, сите оние луѓе што беа изрекле хула против Севишниот Бог, да бидат погубени; зашто нема друг бог кој може така да избави“. И Навуходоносор рече: „Анание, Азарие и Мисаило, слуги на Севишниот Бог, излезете од печката!“

Ангелот, пак, Господов, заедно со Азариј и оние што беа со него, стоеја во печката како во роса. Дури ни мирис од чад не се беше допрел до нив. И, откако испеаја „Благословен си, Господи, Боже на нашите отци, фалено е и прославувано Твоето име во вековите“, славејќи Го Бога, тие ја запеаја втората песна:

„Пејте Му на Господа, и превознесете Го во сите векови...!“

Излегувајќи од печката, тие додадоа возглас и за себе, фалејќи Го Бога во висините и пеејќи:

„Благословете Го Господа, Анание, Азарие и Мисаиле, пејте Му и превознесете Го во вековите!“

---

(скратена верзија)

Благословен е Бог, Кој им даде толкава смелост и сила на светите момчиња, и го изгасна огнот преку светиот ангел, кого го испрати Господ Бог, и ја оброси печката. Зашто е напишано: „Дивен е Бог во Своите светии!“ „Бог ги прославува своите светии“. Трите свети момчиња примија толкава сила и смелост, што не се исплашија од царот, ниту се исплашија од вжарената печка, а го уништија ракотворниот идол. И Бог ги прослави така, што долго време ликуваа заедно со ангелот сред пламенот. Огнот, пак, им беше како роса, а печката - како палата.

И како што почнавме да раскажуваме за трите свети момчиња и да Му упатуваме на Бога пофални песни, така и да завршиме. Зашто Бог ги прослави тогаш во печката, а сега ги прославува на небесата. И ние ги прославуваме во Црквата Божја.

А кога трите свети момчиња се молеа, со нив застана и Азариј, се помоли и рече: „Благословен си, Господи, Боже на отците наши, нека е фалено и прославувано Твоето име во вековите, зашто Ти си праведен во сѐ што си ни направил и сите Твои дела се вистински, и тоа што го направи против светиот град на нашите отци е справедливо, бидејќи и по вистина и по суд Ти го испрати сево ова против нас поради нашите гревови. Оти ние згрешивме и против Законот постапивме. Ти постапи праведно и нѐ предаде во рацете на непријателот - царот престапник, најлукавиот на целата земја. Но не предавај нѐ засекогаш, заради Твоето име“.

А кога царот Навуходоносор виде дека огнот не ги допира, нареди да фрлаат смола и битумен, колчишта и лозови прачки, та уште повеќе да се разгори печката. И не престанаа слугите на царот да ја вжештуваат уште повеќе печката со нафта и со смола. Огнот излезе од печката и ги изгоре сите мачители, кои се најдоа околу печката. Ангелот, пак, Господов ја оброси печката, и го тргна пламенот од неа. И тие останаа со ангелот Божји во печката, веселејќи се и пеејќи.

Царот Навуходоносор слушна како пеат и се зачуди. Кога виде дека огнот во печката се претворил во роса, стана бргу и на Своите велможи им рече: „Зар не фрливме три мажи оковани среде печката? Ете, сега јас гледам четворица како одат сред огнот, и по нив нема изгоретини, а изгледот на четвртиот е сличен на Синот Божји“. Азариј, пак, од печката му рече на царот Навуходоносор: „Кога не Го познаваш Бога, како тогаш Го признаваш Синот Божји? Поради тоа ние трпиме за Него, очекувајќи го Неговото воплотување од Дева“. А Навуходоносор рече: „Азарие, јас гледам светлина како слегува на вас од небото“. И пристапи до вратата на печката, Му се поклони на Бога и рече: „Благословен е Господ Бог, Кој го испрати Својот ангел да ги избави Своите слуги, кои се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, и своите тела му ги предадоа на огнот, за да не се поклонат и да не служат на секаков бог-идол, туку на Господа - својот Бог. И, ете, јас давам заповед, сите оние луѓе што беа изрекле хула против Севишниот Бог, да бидат погубени; оти нема друг бог кој може така да избави“. И Навуходоносор рече: „Анание, Азарие и Мисаило, слуги на Севишниот Бог, излезете од печката!“

Ангелот, пак, Господов, заедно со Азариј и оние што беа со него, стоеја во печката како во роса. Дури ни мирис од чад не се беше допрел до нив. И, откако испеаја „Благословен си, Господи, Боже на нашите отци..., славејќи го Бога, тие ја запеаја втората цесна:

„Пејте Му на Господа, и превознесете Го во сите векови...!“

Излегувајќи од печката, тие додадоа возглас и за себе, фалејќи Го Севишниот Бог и пеејќи:

„Благословете Го Господа, Анание, Азарие и Мисаиле, пејте Му и превознесете Го во вековите!“

Нему слава, со Отецот и со Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков. Амин.