16. Декември  (3. Декември)

СПОМЕН НА СВЕТИ ПРОРОК СОФОНИЈ

Свети пророк Софониј беше од Гората Сарават, од племето Симеоново. Живеел и пророкувал во седмиот век пред Христа, за време на благочестивиот јудејски цар Јосија. Бил современик на пророкот Еремија. Со својата голема смерност и чистиот ум издигнат кон Бога, тој се удостоил на божествени откровенија и предвидувања на иднината. Го прорекол денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневија, Ерусалим, Египет. Ерусалим тој го видел како одметнички град, осквернет, насилнички, во кој кнезовите се лавови кои рикаат; судиите му се волци ноќни; пророци, фалбаџии и лажговци; свештениците ја сквернават светињата, го извртуваат законот (Соф. 3, 1-4). Провидувајќи го времето на доаѓањето на Месијата, тој воодушевено воскликнува: „Пеј, ќерко Сионска; воскликнувај Израилу; радувај се и весели се со сето срце, ќерко Ерусалимска!“ (Соф. 3, 14). Овој боговдахновен тајновидец се упокоил во местото на своето раѓање, да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

ЖИТИЕТО НА ПРЕПОДОБНИОТ НАШ ОТЕЦ ЈОВАН МОЛЧАЛИВ,

епископот Колониски

Молчаливиот преподобен отец Јован, на незамолчлива пофалба достоен, се родил во Никопол Ерменски од татко Евкратиј и мајка Ефимија, во четвртата година од царувањето на благочестивиот цар „Маркијан", во осмиот ден на месец јануари, и бил просветен со свето крштение. Неговите родители беа благоверни христијани, и по своето богатство и ученост познати по цела Ерменија. Татко му беше војвода и имаше големо влијание кај царот, бидејќи го уживаше царското благоволение. На толку познат татко беше син Јован. Го истакнуваме тоа не за да го величаме и пофалиме Јован заради неговото високо потекло, зашто светителите се величаат и прославуваат заради доблестите а не заради високото потекло, туку за да се знае од каква слава до какво смирение дојде овој угодник Божји.

Јован беше одгаен со своите браќа во добро воспитување и целосно го изучи Светото Писмо. Беше уште млад кога родителите му заминаа кај Господа и им оставија на своите деца големи имоти. Кога браќата ги поделија меѓу себе Јован од својот дел изгради во градот Никопол црква во име на Пречистата и Преблагословена Дева Марија. Се одрече од светот и во својата осумнаесетта година се замонаши и монахуваше во таа црква со други десет монаси, добро подвизувајќи се. Во текот на целата своја младост се трудеше телото да го потчини на духот, да не стане роб на стомакот, и страстите да не завладеат со него. И стана тој човек прекрасен во доблестите, добар и искусен наставник и игумен на своите браќа.

Кога имаше дваесет и осум години, се упокои епископот на градот Колониски. Граѓаните отидоа кај митрополитот Севастиски и го молеа во нивниот град да се назначи епископ. За време на изборот на личноста која би била достојна на таквиот чин, во устите на сите луѓе беше името Јован, игуменот Никополски, како достоен да го заземе престолот на Колониската црква. Но, знаејќи ја неговата голема смиреност, и дека тој поради тоа нема да сака да го прими чинот, митрополитот испрати по него да го повикаат, божем поради некоја друга црковна работа. А кога дојде го убедија да го прими епископскиот чин. Тогаш го посветија и поставија на престолот на Колониската црква.

Кога ја прими управата над Црквата, блажениот Јован не го промени своето монашко правило и подвизи. Така тој никогаш не користеше бања ниту се капеше, од страв не само некој друг да не ја види голотијата на неговото тело туку и самиот да не се види гол, сеќавајќи се на голотијата Адамова. Сета негова грижа се состоеше да Му угодува на Бога со постот, молитвата, телесната и душевната чистота, да ги очистува сите свои помисли, да ја гази секоја недменост што се крева против познанието Божјо и да го приведува секој разум во послушност на Христа.

Со своето доблесно живеење им беше пример на другите. Гледајќи го него и останатите се поправаа и започнуваа да живеат добродетелно, во доблестите. Меѓу таквите беше Пергамиј, негов брат по тело, маж познат и со голем углед кај царот Зенон, како и кај Анастасиј, кој царувал по Зенон. Гледајќи како неговиот брат свето живее, на Пергамиј душата му ја обземаше милина и вложуваше голем труд да Му угоди на Бога. Исто така и својот братучед Теодор, кој подоцна имаше голема чест кај благочестивиот цар Јустинијан, му беше од голема корист рамноангелското живеење на неговиот стрико, та тој со сиот свој дом живееш богоугодно, Теодор беше толку добродетелен, толку голем во доблестите, така што и самиот цар и големците се восхитуваа на неговиот чесен живот и разум, правата вера и милосрдие. Во сето тоа Теодор успеа, имајќи го примерот на беспрекорниот живот на блажениот свој стрико Јован.

Десет години веќе епископствуваше божествениот и богоносен отец Јован, управувајќи мудро со Црквата Христова, кога сопругот на неговата сестра Марија Пазиник стана царски намесник во Ерменија. Поттикнат од ѓаволот, Пазиник започна да ја вознемирува и да и штети на Црквата доверена на Јован, а нему му задаваше големи маки. Тој се мешаше во црковните работи и од црквата насилно ги вадеше оние што бараа заштита од казните, и не им дозволувал на служителите и старешините на Црквата да си ги вршат црковните работи. Блажениот Јован многу пати смирено го молел да не се меша во црковните работи и да не врши насилства и зла над Црквата. Но, намесникот остана неумолив и непоправлив. Дотолку повеќе, кога неговата сопруга замина од овој свет, тој започна да постапува уште полошо. Свети Јован многу страдаше поради нанесеното зло на Црквата и беше принуден да отпатува во Цариград кај царот Зенон. Таму најде подршка од цариградскиот архиепископ Евтимиј, кој му помагаше со своето застапување кај царот.

Кога ги виде вревата и метежот на овој свет, блажениот Јован одлучи да го остави епископството и да отиде во светиот град Ерусалим, да безмолствува, и во осаменичко молитвено тихување и подвизување да Му служи на Бога. Затоа, откако отслужи света Литургија, ги отпушти презвитерите и клириците што беа со него, па без некој да знае се качи на брод и отпатува во Ерусалим. Прво отиде во болницата на Светиот Град, во која имаше молитвен дом, во име на светиот великомаченик Георгиј, и помина таму некое време како просјак. Додека ја набљудуваше народната врева, свети Јован многу тагуваше. Тој чезнееше за тивко осамено место, и се молеше со солзи на Бога да му посочи погодно место, тивко и удобно за спасение. И една ноќ, додека усрдно се молеше за тоа, на небото ненадејно се појави пресјајна звезда во вид на крст. Таа се приближуваше кон него и чу глас од светлината звездена, кој говореше:

- Ако сакаш да се спасиш, појди по оваа светлина.

И тој веднаш со радост појде по неа и од таа звезда беше одведен во големата лавра на преподобниот и богоносен наш отец Сава, во триесет и осмата година од својот живот, во времето на ерусалимскиот патријарх Салустиј.

Во лаврата блажениот Јован го најде преподобниот Сава со сто и четириесет браќа пустиножители, кои живееја во голема сиромаштија телесна, но во огромно богатство душевно. И преподобниот Сава го прими и му наложи на економот да му одреди манастирски работи, без да знае каква ризница на божествената благодат се крие во Јован. Иако свети Сава имаше дар на прозорливост, сепак Бог сокри од него дека тој е епископ и дека заради Бога го остави своето епископство и дојде кај него како прост човек. Но, никој да не се чуди што и прозорливецот понекогаш не провидува. Тие го провидуваат и прорекуваат само она што Бог ќе им го открие а тоа што нема да им го открие не го знаат. Така и пророкот Елисеј му рече за Сунамката на својот слуга: „Остави ја, душата ѝ е огорчена, а Господ ја сокри од мене и не ми јави“ (Цар. 4, 27).

Примен во лаврата, преподобниот Јован со потполна покорност и усрдност ги извршуваше разните послушанија давани од економот. Во тоа време во лаврата се градеше гостоприемницата и блажениот Јован беше одреден да им служи на работниците. Тој им служеше со готвење на храна, носење на вода, им додаваше камења и работеше на останатите работи околу градбата.

Две години по своето доаѓање во лаврата преподобниот беше одреден за гостопримец. Тука тој со смиреност, кротост и љубов им послужи на ближните. Потоа отпочна да гради киновија за почетниците во монаштвото, за оние што сакаат да се одречат од светот прво да се обучуваат во киновијата, па потоа да се примаат во лаврата. Како што плодот му претходи на цветот, зборувал светителот, така и пустиничкиот живот треба да му претходи на животот киновијски. Нека почетникот како посадена овошка, процвета со почетните трудови во киновијата, а во лаврата ќе роди плодови на совршените подвизи.

Лаврата на преподобниот Сава беше во пустината, а киновијата во близина на светот. Додека се градеше киновијата, повторно блажениот Јован беше одреден да им служи на работниците. Тогаш овој трудољубец извршуваше две служби истовремено. Им служеше на гостите во гостоприемницата и на зидарите на своите плеќи им носеше леб и храна. А киновијата беше далеку од гостоприемницата над десет потркалишта. На таквото послушание се потруди една година и добро им послужи на браќата, па свети Сава му даде ќелија за молитвено тихување и молчење. Во неа преподобниот Јован помина три години. Пет дена во седмицата тој не излегуваше од ќелијата. Во тие денови не јадеше ништо, ниту некого видуваше, само со единствениот Бог општеше. А пак во сабота и недела пред сите доаѓаше во црквата и со страв и умиление стоеше. Потоци од солзи постојано течеа од неговите очи, особено за време на божествената служба. Сите браќа се восхитуваа на таквиот дар на солзи во него. Во тие два дена тој земаше храна заедно со браќата.

По три години блажениот Јован беше поставен за економ. Бог му помагаше во сѐ, та со неговиот труд и служење благосостојбата на лаврата многу се благослови и умножи. Кога виде дека Јован одлично ја извршува службата на економ, преподобниот Сава реши да го произведе за презвитер, како достоен и совршен монах. Затоа го поведе и отиде со него во светиот град Ерусалим, му раскажа на патријархот Илија за доблесното Јованово живеење и го замоли да го ракоположи за презвитер. Патријархот го повика и сакаше да го ракоположи. Кога виде дека не може да го одбегне тоа, Јован му рече на светиот патријарх:

- Сечесен оче, имам една тајна за твојата светост. Дозволи насамо да поразговарам со тебе, па ако најдеш дека сум достоен за презвитерскиот чин, нема да се противам.

Патријархот се тргна насамо со него и Јован се фрли пред неговите нозе, заколнувајќи го никому да не ја открие тајната што ќе му ја каже. Патријархот му вети и Јован започна:

- Оче, јас бев епископ на градот Колонија, но поради моите многубројни гревови го оставив епископството и побегнав. А бидејќи сум со силно тело, се осмелив да им служам на браќата, за тие со своите молитви да ѝ помагаат на мојата немоќна душа.

Патријархот се запрепасти, го повика преподобниот Сава и му рече:

- Јован ми раскажа некои свои тајни дела, поради кои не може да биде презвитер. Отсега молитвено нека тихува и никој да не го попречува во тоа.

Потоа ги отпушти и двајцата.

Тоа многу го нажали преподобниот Сава. Тој се оддалечи од својата лавра во една пештера, се фрли на земјата пред Бога и со солзи говореше:

- Зошто, Господи, си ме презрел и го сокри од мене животот на Јован? Јас се прелагав, мислејќи дека е достоен за презвитерскиот чин. Откриј ми ја, Господи, барем сега неговата тајна. Мојата душа е смртно жалосна. Садот што го сметав за избран, свет, потребен и достоен да го прими божественото миро, пред твоето величество е непотребен и недостоен?

Преподобниот Сава во таквата молитва и солзи ја помина ноќта. И му се јави Ангел Божји и му рече:

- Јован не е непотребен туку избран сад Божји. Но, бидејќи е епископ, не може да биде поставен за презвитер. Откако го рече тоа, Ангелот стана невидлив. А преподобниот Сава радосно поита кај Јован во ќелијата, го прегрна и рече:

- Оче Јоване, ти го сокри од мене дарот Божји во тебе, но Бог ми го откри.

- Тешко ми е поради тоа, оче, - одговори Јован - бидејќи сакав никој да не ја дознае таа тајна, а вие ете, сте ја дознале. Затоа не можам да живеам во оваа земја.

Преподобниот Сава му се заколна дека никому нема да каже ништо.

Од тогаш блажениот Јован живееше во ќелијата во молитвено тихување и молчење. Тој ниту во црква одеше, ниту некој му доаѓаше, освен еден послужник, кој му служеше. Откако се затвори во ќелијата, тој само еднаш во годината, и тоа на празникот на Пречиста Богородица и Приснодева Марија, на Која беше посветена црквата во лаврата, кога и патријархот доаѓаше во црквата, излегуваше од својата ќелија да му се поклони. Патријахот го сакаше Јован и многу го почитуваше поради неговата смиреност. Четири години помина блажениот во затвореничкото молитвено тихување и молчење, Во тоа време преподобниот Сава отпатува во краевите Скитополски и се задржа таму. А блажениот Јован, желен за најосамен пустински живот, во својата педесетта година отиде во пустината Рува. И помина во неа девет години, хранејќи се со билката мелагрија што расте во таа пустина. На почетокот додека ја собираше таа билка заталка во провалии и не успеа да ја најде својата пештера. Изнемоштен од одење, тој падна одвај жив. Но, ненадејно од невидлива сила Божја, како некогаш пророкот Авакум, тој беше земен во воздухот и пренесен во неговата пештера. Со текот на времето ги испита патеките на пустината и утврди дека оддалеченоста од неговата пештера до местото на кое беше заталкал изнесува пет стадии.

Потоа кај блажениот Јован дојде еден брат и со него поживеа кратко време. Се наближуваше Воскресение и братот му рече на старецот:

- Оче, ајде да појдеме во лаврата да го отпразнуваме Воскресение, па ќе се вратиме. За толку голем празник ние овде немаме што да јадеме освен оваа мелагрија.

Но, свети Јован не сакаше да оди, бидејќи преподобниот Сава се уште не се беше вратил од Скитополските краеви. На повикот на братот одговори:

- Брате, да не заминуваме одовде и да веруваме дека Оној Кој во текот на четириесет години хранел во пустината шестотини илјади народ Израилски, ќе нѐ нахрани и нас овде и за Празникот ќе ни го испрати не само потребното туку и изобилно. Во Светото Писмо е речено: „Нема да те оставам, ниту ќе отстапам од тебе“ (Евр. 13, 5). „Не грижете се, говорејќи: Што ќе јадеме или што ќе пиеме? Вашиот Отец небесен знае дека вам ви е потребно сето тоа. Туку барајте го најнапред царството Божјо и правдата Негова и сето тоа ќе ви се придодаде“ (Мт. 6, 31. 32. 33). Затоа, чедо, трпи и оди по тешкиот пат. Угодувањето и попуштањето на телото на земјата раѓа вечна казна а умртвувањето на телото подготвува бескрајно блаженство.

Братот не ја послуша поуката на преподобниот, го остави и отиде во лаврата. А кога замина, кај преподобниот дојде еден потполно непознат човек, носејќи на магарето богат товар од разни ѓаконии: лебови бели и топли, вино и масло, свежо сирење, јајца и ведро со мед. Сето тоа тој непознат човек го стави пред блажениот Јован и веднаш замина. А преподобниот ја виде во тоа посетата Божја и радосно Му заблагодари на Бога. Братот пак, кој тргна кон лаврата, заталкал од патот и три дена талкал низ пусти и непроодни места. Многу изморен, гладен, жеден и исцрпен, тој одвај повторно ја пронајде пештерата. Кога го виде изобилието од храна и пијалок, испратени на преподобниот за празникот, многу се восхити. Засрамен од своето маловерие, не смееше да го погледне во очи светиот старец, па падна пред неговите нозе и бараше прошка. Старецот му прости и рече:

- Убеди се, брате, дека Бог може и во пустината да подготви трпеза за Своите слуги.

Во тоа време кнезот на сарацените Аламундар, вазал Персиски, упадна во Арабија и Палестина, војуваше со голема јарост и ги водеше луѓето во ропство. Тогаш многу варвари шетаа низ пустината кај пештерата на блажениот, и на манастирите им беше јавено да се чуваат од наездата на варварите. Отците на големата Лавра го известија и преподобниот Јован Молчалив за варварите и го советуваа да се врати во лаврата и да живее во својата ќелија. Но блажениот, иако малку се плашеше, сепак не сакаше да го остави своето самување во пустината. Тој говореше:

- Господ е заштитник на животот мој, од кого да се плашам? (Пс. 26, 1). Ако Господ не ме штити и не се грижи за мене, тогаш зошто да живеам?

Со таква надеж во заштитата на Севишниот, блажениот Јован остана без никакво колебање. И Бог, Кој секогаш се грижи за слугите Свои и ги чува на сите патишта нивни, сакаше и овој Свој угодник да го сочува здрав и неповреден. За чувар му испрати огромен и страшен лав, кој деноноќно неотстапно го чуваше. И многу пати варварите го напаѓаа светителот, но лавот со страотна јарост ги бркаше. Блажениот Му благодареше на Бога, говорејќи: „Зашто Господ нема да го остави жезолот на грешниците врз земјата на праведните“ (Пс. 124, 3). 

Потоа преподобниот Сава, бидејќи се врати во лаврата, дојде кај блажениот Јован во пустината и му рече:

- Ете, Господ те сочува од наездата на варварите и ти даде видлив чувар. Затоа постапи и ти како другите луѓе. Подготви се и бегај како што го сторија тоа и останатите пустински отци.

Го убеди да ја напушти пустината и кога го доведе во лаврата му даде ќелија, и блажениот започна повторно да живее во лаврата во педесет и шестата година од својот живот.

Освен свјатјејшиот патријарх Илија и преподобниот Сава, никој не знаел за тајната дека блажениот Јован е епископ. По долго изминато време Бог сакаше да им го открие тоа на браќата. Еден човек од Асиските покраини на име Етериј, по чин архиепископ, допатува во Ерусалим, се поклони на Животворниот Крст Господов и светите места, и откако раздаде многу злато на бедните и манастирите, се качи на кораб да се врати назад. По кратка пловидба започнал да дува силен спротивен ветер, кој го принудил Етериј да се врати во Аскалон. По два поминати дена таму, сакал повторно да тргне со кораб, но Ангел Господов му се јави на сон и му рече:

- Пред да појдеш во својата татковина треба да се вратиш во Светиот Град, во лаврата на светиот ава Сава. Таму ќе го најдеш ава Јован Молчаливиот, маж праведен и доблесен, епископот кој заради Бога остави сѐ и се понижи со доброволно сиромаштво и послушност.

Етериј веднаш се врати во Ерусалим, отиде во лаврата на преподобниот Сава, праша за Јован Молчалник и му ја покажаа неговата ќелија. Тој влезе кај него и остана два дена, молејќи го во името Божјо да му го каже своето потекло, татковината и епископството. Кога ја виде во тоа волјата Божја, преподобниот Јован му раскажа сѐ подробно. Од тогаш дозна целата лавра дека Јован Молчалник е епископ. Сите многу се восхитуваа на неговото смирение.

Кога блажениот Јован имаше седумдесет години, во петтиот ден од месец декември преподобниот и богоносен отец Сава отиде кај Господа", но се случи тој да не биде присутен при неговото разделување на душата од телото. Поради тоа многу тагуваше и преподобниот Сава му се јави во видение и му рече:

- Не тагувај поради моето заминување, оче Јоване. Иако со телото се разделив од тебе, јас со духот постојано сум со тебе.

Преподобниот Јован му рече:

- Моли Го Господа, оче, и мене да ме земе со тебе.

- Тоа не може да биде сега - му одговори преподобниот Сава, - зашто големо искушение ќе наиде на лаврата. А Бог сака ти да останеш во телото за утеха и поткрепа на оние што за благочестивата вера ќе стојат мудро и храбро против еретиците.

Ова видение и разговор го исполни со духовна радост блажениот Јован, а срцето му тагуваше поради претстојното искушение. Потоа му се јави желба да види како душата се разделува од телото. И кога за тоа се молеше на Бога, тој со умот беше пренесен во свети Витлеем, и го виде преставувањето на тамошниот богомолен бескуќник, на кого душата Ангели со прекрасно пеење ја носеа кон небото. Тоа блажениот Јован го виде со умните очи. И веднаш тргна во Витлеем, и го најде телото на преставениот маж, кај лежи при црквата, како што му беше откриено во видението. Овој маж се престави токму во времето кога Јован додека седеше во ќелијата ја виде душата носена од ангелите кон небото со песнопеење. Со љубов го прегрна и бакна телото на упокоениот, чесно го погреба на истото место и се врати во својата ќелија.

Двајца ученици на преподобниот, Теодор и Јован, му го раскажаа на монахот Кирил, писателот на ова житие, следното:

„По преставувањето на преподобниот Сава, нашиот отец не испрати со една порака во Ливаида. При преминувањето преку Јордан не сретнаа некои луѓе и ни рекоа:

Внимавајте, пред вас има лав.

А ние си помисливме и рековме:

- Моќен е Господ да нѐ сочува по молитвите на нашиот отец, зашто патуваме со негова наредба.

Продолживме да одиме и одеднаш здогледавме страшен лав пред нас. Многу се исплашивме, нѐ напушти силата, па не можевме ни да бегаме и станавме како мртви. И ете, одеднаш меѓу нас се појави отец Јован, велејќи ни да не се плашиме. Тогаш лавот како со бич ударен и избркан побегна а отецот стана невидлив, Ние здивнавме и си го продолживме патот за Ливаида. Откако го извршивме зададеното послушание, се вративме кај отецот. При средбата тој ни рече:

- Видовте ли, чеда мои, дека се најдов пред вас кога беше потребно. Но и овде многу го молев Бога за вас, и Бог се смилува“.

Друг ученик на блажениот Јован, еве што раскажа за истиот Кирил:

Овој голем воздржувач многу години се хранел само со леб а наместо сол обично користел пепел, и со пепел го јадел својот леб. Еднаш тој за време на трпезата заборави да го затвори прозорчето од ќелијата. Ученикот зирнал и видел како блажениот јаде леб со пепел. Се ожалости старецот што неговото постење беше забележано, а ученикот, сакајќи да го утеши, рече:

- Оче, ти не си единствен што го прави тоа, туку и многу други отци од оваа лавра ги исполнуваат зборовите на Светото Писмо: „Јадам пепел како леб“ (Пс. 101, 10).

И така го утеши старецот.

Во тоа време се појави ереста Оригенова, и многу заведени во неа ја вознемируваа Црквата Божја, а други цврсто се спротивставуваа и најдоа свој помошник во преподобниот Јован Молчалник, кој тогаш го остави своето молитвено молчење, и борејќи се против еретиците со својот збор како со меч ги сечеше и истребуваше богохулните Оригенови учења. Всушност, тоа е искушението што требало да ја снајде лаврата, кое преподобниот Сава му го претскажа на блажениот Јован во видението. Многу гонења ја снајдоа лаврата од еретиците, та дури и многу од отците подвижници се заразија од еретичките учења и западнаа во сомнеж и колебање. Ете зошто Бог благоволи во таа лавра да остане Јован во телото здрав, за утеха на малодушните и поткрепа на немоќните.

Во тоа време кај преподобниот Јован дојде од Скитополскиот крај Кирил, кој подоцна го напиша неговото житие. Кирил самиот за себе пишува вака:

- Кога сакав да го напуштам својот дом и да појдам во светиот град Ерусалим, за таму да се замонашам во некој манастир, мојата христолљубива мајка ми заповедаше без совет и наредба на блажениот Јован да не превземам ништо во однос на спасението на мојата душа, за и јас некако да не заталкам во ереста Оригенова и да паднам уште на почетокот на својот подвиг. Јас отидов во лаврата на свети Сава, му се поклонив на блажениот Јован, му ја открив својата мисла и побарав од него корисен совет. Тој ми рече:

- Ако сакаш да се спасиш, појди во манастирот на големиот Евтимиј.

Јас си заминав и како млад и неразумен не го послушав, туку штом стигнав на Јордан стапив во манастирот наречен Арундинитски. Таа моја постапка не беше добра. Тешко се разболев, и ме обзеде тага што сум странец и слаб со телото. Тогаш ми се јави на сон преподобниот Јован и ми рече:

- Казнет си со оваа болест затоа што не ме послуша. Сега стани појди во Ерихон. Таму, во гостоприемницата на ава Евтимиј ќе најдеше еден стар монах. Појди со него во манастирот на Евтимиј и ќе се спасиш.

Штом се разбудив, јас почувствував дека сум потполно здрав и тргнав кон Јордан, според наредбата на светиот старец. Таму, како што ми рече тој, најдов монах, стар, чесен и благоразумен, кој ме одведе во манастирот на свети Евтимиј Велики, и останав таму. Често одев и во лаврата на свети Сава кај преподобниот Јован и добивав од него голема корист за душата. Еднаш бев вознемирен и оптоварен со сатански помисли, но кога ги исповедав кај преподобниот, веднаш по неговите свети молитви ми беше полесно и мирот ми се врати во душата.

Така раскажува за себе монахот Кирил. Овој Кирил преподобниот го испраќал во лаврата Суркијска со книгите кај преподобниот Киријак Отшелник.  

Еднаш Кирил седеше крај прозорчето од ќелијата на преподобниот Јован. При тоа наиде некој човек на име Георгиј, водејќи го со себе својот бесомачен син. Тој го врза под прозорчето и замина. Момчето лежеше и плачеше а свети Јован препозна дека во него има нечист дух, се сожали, се помоли, го помаза со свет елеј и нечистиот дух веднаш излезе од него и тој оздраве.

А пак ава Евстатиј, кој по Сергиј се подвизувал во пештерата на преподобниот Сава, духовен и благочестив маж, раскажа за себе:

- Еднаш наиде на мене духот на хулата и многу ме вознемируваше со хулни помисли против Бога и Божеството и бев во голема мака. Потоа отидов кај преподобниот Јован Молчалник, му ја кажав својата мака и барав помош од неговите свети молитви. Тој се помоли на Бога за мене, па потоа ми рече:

- Благословен е Бог, чедо мое! Хулните помисли повеќе нема да се доближат до тебе!

И навистина, од тогаш никогаш повеќе не се појави во мене хулна помисла.

Една жена родум од Кападокија, на име Василина, ѓакониса при светата Константинополска црква, дојде во Ерусалим со својот братучед, човек со висока функција. Тој навистина беше доблесен маж, но се држеше до Северовото зловерие, и затоа не беше во заедница со светата Вселенска Црква. Благочестивата ѓакониса вложуваше голем труд да го обрати кон благоверието и да го присоедни кон светата Црква. Поради тоа ги молеше светите отци да се помолат на Бога за него. Кога слушна за свети Јован Молчалник, таа изрази желба да му се поклони, но кога дозна дека жени не влегуваат во лаврата го повика Теодор, ученикот Јованов, и го замоли човекот дојден со неа да го одведе кај светиот старец. Теодор го одведе, му се поклонија вообичаено и рече:

- Благослови нѐ, оче!

Старецот му рече на ученикот:

- Тебе ќе те благословам, а за овој што дошол со тебе нема благослов.

На тоа ученикот рече:

- Немој така, оче! И двајцата благослови нѐ.

Старецот одговори:

- Не! Никако нема да го благословам овој, додека не се одрече од лошото еретичко умување и не вети дека ќе се присоедини кон Вселенската Црква!

Кога дозна за тоа блачестивата ѓакониса Василина ја обзеде уште поголема желба со свои очи да го види светиот старец. Затоа намисли да се преоблече како машко, да појде кај него и да му ги исповеда своите помисли. За таа нејзина намера Ангел го извести старецот, и тој ѝ испрати ваква порака:

- Знај дека и да дојдеш кај мене, како што си намислила, пак нема да ме видиш. Затоа немој да се трудиш туку остани каде што си и јас ќе ти се јавам на сон, ќе те сослушам и ќе ти кажам се што Бог ќе ми даде да ти кажам.

Ѓаконисата се запрепасти од таквата прозорливост на преподобниот Јован, што тој оддалеку ги чита мислите човечки, и остана во очекување да ѝ се јави. Една ноќ преподобниот ѝ се јави на сон и ѝ рече:

- Ете, Бог ме испрати кај тебе. Кажи ми, што сакаш?

Таа му ги исповедаше своите помисли и го доби од него потребниот лек. Откако ја поучи, стана невидлив. А Василина се разбуди и Му заблагодари на Бога.

Местото каде што беше ќелијата на преподобниот беше каменито и суво. Таму не растеше ни трева а немаше ни дрвја поради суровиот кеменит терен, целосно лишен од влагата. Еднаш преподобниот зеде семе од смоква и им рече на своите ученици Теодор и Јован:

- Чујте ме, чеда мои! Ако благодатта Божја му даде на ова семе да никне на овој тврд камен и да пушти гранки и донесе род, тогаш знајте дека Бог ќе ми подари место на упокоение во Царството Небесно!

И го посади семето на каменот близу својата ќелија. А Бог, Кој направи сувиот Аронов жезол да процвета, му даде и на тврдиот камен влага, и семето смоквино никна, за да покаже каква благодат има во Него верниот слуга Негов. Од земјата никна дрво смоква, И постепено растејќи стигна дури до кровот од ќелијата. Потоа целата ќелија ја покри со своите гранки, и своеовремено донесе род, три смокви. Старецот ги обра и со солзи Му заблагодари на Бога, ги целиваше и ги изеде со учениците. Потоа започна да се подготвува за заминување, бидејќи беше во длабока старост. Во сто и четвртата година од својот живот, овој прекрасен слуга Божји се упокои мирно во Господа Спасителот наш, Кому слава за навек. Амин.

СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН СТАРЕЦ ТЕОФАН (СОКОЛОВ) НОВОЕЗЕРСКИ

Старец Теофан бил еден од учениците, иако не непосредно, на преподобниот Пајсиј Величковски, преку кого што било востановено древното воспоставување на старчеството, кое било пренесено во Русија и расцветало во неколку руски манастири.

Наоѓајќи се при Новгородскиот и Петерсбургски митрополит Гавриил, старецот Теофан му го посочил старец Назариј, на кого што митрополитот му дал благослов да го возобнови Валаам. Благодарение на старецот Теофан преподобниот старец Теодор (Ушаков) бил ослободен од заточение.

Првите години од подвижништвото на старец Теофан поминале во Саровската пустина и Санаксарскиот манастир.

Таму тој ја научил монашката азбука: трпението, строгоста кон себеси, беспрекорното послушание. После долгата црковна служба, заедно со останатите се трудел во различни послушанија, во кои што земал учество и игуменот: сечел и цепел дрва, ги палел печките, готвел, печел леб, го бришел подот. За време на животот во Санаксар Теодор се запознал со свети Тихон Задонски, кој што го поканил да остане во Задонск,

Во 1774 година преподобниот Теодор Санаксарски, поради злобата на луѓето, предизвикана од неговата непристрасност и застапување за навредуваните селани, бил заточен во Соловецкиот манастир. Поголемиот дел од неговите ученици тогаш се распрснале по други манастири. Меѓу нив се преселил и Теодор Соколов, по тригодишно живеење во Санаксар, во Воведенската Островска пустина (блиску до градот Покров, Владимирска губернија), и живеел таму под раководството на игуменот и старец Клеопа, кој бил светогорски пострижник и долго се подвизувал таму во високото молитвено занимање со преподобниот Пајсиј Величковски. Кога се преселил во Русија, по извесно време старец Клеопа бил назначен во Воведенската пустина. Тој го вовел во неа општожителниот Атонски устав, софистицирана служба. Го минувал животот во постојана молитва и богоразмислување, а со браќата управувал со кротка и простувачка љубов. Се грижел не толку за нивното подвизување во строг пост и сурова работа, колку за придобивање на смирение, незлобивост, мироњубие. И тука, кај овој наставник, било дополнето монашкото воспитување на Теодор. Се навикнал уште во Санаксар на суровиот монашки долг. Тука тој се научил на високите добродетели - чистотата на помислите, духот на убовта и смирението. Расказите на старец Клеопа раѓале во младиот послушник силна желба да ја види Света Гора и да живее под раководството на старец Пајсиј. Во 1777 година Теодор отишол во Молдавија заедно со молдавски монаси, кои се враќале во својот манастир. Тој се надевал да ги посети Света Гора и Палестина и потоа да се насели кај старец Пајсиј, но кога пристигнал во Молдовлахија, во Тисманскиот манастир, игуменот Теодосиј го задржал и неодложно го пострижал со името Теофан. Тогаш Теодор имал дваесет и пет години.

Тисманската обител, целосно оддалечена од светот, процветала под управата на познатиот старец игумен Теодосиј. Тој старец, заедно со преподобен Пајсиј Величковски бил ученик на схимонахот Василиј, заедничкиот старец на молдавските монаси. Наоѓајќи се во најблиско општење со старец Пакиј, тој добил од него преводи на светоотечки книги. Под раководството на тој старец. кој што ги водел своите ученици кон високите степени на внатрешниот духовен живот, целосно завршило монашкото воспитување на отец Теофан.

Кога по мировниот договор, смелствено на загриженоста од турците, животот во Тисман бил невозможен и игуменот одлучил да се врати заедно со браќата во Русија. Меѓу браката се наоѓал Потемкин. роднина на рускиот велможа кнез Потемкин. На 11-годншна возраст тој побегнал од родниот дом и крисјќи го своето потекло живеел во манастирот, извршувајќи ги најтешките работи. Знаел седум јазици. Игуменот токму нему му предложил да замине за Русија да замоли Тисманискиот манастир да биле преместен во во Русија. Но, бидејќи се уште се криел, отец Анастасиј (Потемкин) за свој сопатник го избрал отед Теофан, на кого што му биле врачени писмата напишани од Анастасиј ло негоанте роднини, а самнот Анастасиј го придружуван отец Теофан како кочијаш.

Во 1779 година во Петербург било одлучено игуменот Теодосиј и Тисманските браќа да бидат населени во Молчанската Софрониева пустина во Курската губернија. Во таа пустина отец Теофан живеел уште една година и шест месеци. А потоа, иако не сакал, бил повикан во Александро-Невската Лавра, каде што имале потреба од добри монаси. За да го одбегне тоа, тој поднел молба за мисијата во Пекинг, но молбата му била одбиена.

Старец Теофан пристигнал во Петербург и откако се предал на Божјата волја, започнал усрдно да ги извршува зададените послушанија. Прифаќајќи ја должноста економ, тој ги намалил на половина расходите за прехранбените продукти. Неговото спокојно расудување, распоредноста и кротоста, го привлекле вниманието на митрополитот Гавриил, кој го зел кај себе за секретар и го доближил до себе, така што во текот на десетте години од службата на отец Теофан се ползувал од неговата безгранична доверба.

Митрополитот Гавриил, човек со голем ум и образованост, строг подвижник, голем милостивец, бил несебично предан на Светото Православие и смело ја кажувал вистината на сите. Претпазлив постојано да не се најде во немилост заради својата ревност за Црквата, кога одел во дворецот или во синодот, тој секогаш правел по неколку земни поклони пред иконата и велел:

- Дај Боже, денешниот ден да помине добро.

Кога отец Теофан му предлагал да ја подобри оскудната митрополитска трпеза, тој велел:

- Треба да се навикнуваме. Можеби во иднина и тоа нема да го имаме.

Така и се случило. Неколку месеци пред својата смрт, митрополитот бил отпуштен од императорот Павле без право на пензија. Во деновите во кои што служел, митрополитот Гавриил не вкусувал храна до три часот. Кога сметал дека навредил некого, плачел и се измачувал. Кај него било востановено да се раздаваат по педесет рубли на ден за милостиња, а освен тоа раздавал по триста рубли на месец во затворите. Отец Теофан ја вовел таа милостиња. Еднаш му доставиле на митрополитот дека ќелијникот секојдневно подготвува ручек за некого. Се дознало дека всушност отец Теофан активно подготвува трпеза за бедните. Од тогаш митрополитот започнал уште повеќе да му се доверува на својот ќелијник.

Но, деловните налози не биле главниот дел од службата на отец Теофан. Кога митрополитот добро го запознал, започнал да бара од него совети за многу прашања, доверувајќи му тајни дела и го направил свој помошник во трудовите при уредувањето и обновувањето на манастирите, од кои мнозинството по воведувањето на државите, се наоѓале во загрижувачка состојба. Во тоа време биле одземани црковните земји и биле затворани древните обители (тогаш Екатерина 2ра затворила три четвртини од манастирите во Русија). А за игумени на останатите манастири биле назначувани учени монаси, првенствено од Киевската академија, кои што, имајќи истовремено учебно воспитувачки должности немале време да се занимаваат со манастирот, и бидејќи самите немале монашко воспитување не можеле да имаат влијание врз браќата.

Митрополитот Григориј го издал за поука на монасите Добротољубието на руски јазик и барал духовни старци, кои што би можеле несебично да се посветат себеси на делото на надворешното и внатрешното обновување на манастирите. Старецот Тефан му предлагал на митрополитот такви старци и на тој начин биле повикани познатиот саровски старец Назариј, кој што ги обновил Валаам, и Игнатиј, првиот архимандрит без богословско образование, назначен во познатиот Тихвин, кој што го возобновил Тихвинскиот манастир, а потоа блескаво ја возобновил древната московска Симонова обител, која што била претворена во касарна на кавалеријскиот полк. Во Песношкиот манастир бил повикан Макариј. Бил доведен во ред Клопскиот (Новгородскиот) манастир. На крајот митрополитот го назначил старецот Теофан за градител на Моденскиот манастир, каде што ги довел во ред старите и изградил нови згради, вовел уставно богослужење и ред во животот на браќата, така што започнале да доаѓаат во манастирот мнозина нови монаси, привлечени од гласините за игуменот.

Во 1793 година белоезерските жители му доставиле на митрополитот за крајната западнатост на древната обител на преподобниот Кирил Новоезерски и го замолил да назначи опитен игумен. Митрополитот го избрал старецот Теофан.

Обителта, распослана на малиот остров во Ново Езеро, била крајно запустена. Браќата биле десет на број, од кои двајца биле пострижани. Богослужението се вршело од најмен свештеник од белото духовништво. Оскудицата била целосна. Зградите се срушувале,

За време на триесетгодишното управување на старецот Теофан обителта се преобразила. Откако го обновил монашкиот дух, отецот собрал многубројно братство. А кога вовел уставна служба, привлекол богомолци, разбудил усрдие кон манастирот и богати прилози. Го обновил и величествено го проширил соборниот храм, изградил речиси одново две цркви, издигнал камбанарија, изградил двоспратни згради со ќелии и го обградил островот со каменен зид со кули, поставен врз забиени во водата пилони, го споил манастирот со најблискиот остров преку мост.

Значителни биле трудовите и за внатрешното уредување на обителта. Вовел во неа општожитие, строг чин на богослуженијата, торжествено извршување на службата, старото руско црковно пеење, непрекинато читање на Псалтирот, постојани занимања за браќата.

Се трудел да управува пред се со убедување и ги поучувал браќата и насамо, и сите заедно, по трпезата. Не сакал да изобличува лице во лице, а кога ќе забележел некој недостаток кај некој монах, за тоа зборувал во облик на општо поучување на браќата. Неговите прости, од кои излегувале убедување и кротост поуки, оставале неодолив впечаток.

Но, најсилно дејство оставал неговиот пример. Тој не пропуштал ниту една служба, се трудел заедно со браќата на сите послушанија, работел на нивите, се хранел во трпезаријата, носел исклучително бедна облека и немал имот. При таквото управување на старецот, бројот на оние што монахуваат брзо се зголемил до осумдесет души. Но, старец Теофан немал влијание само над новоезерските монаси. Назначен за господин на неколку манастири, тој се грижел за нивното духовно преуспевање. Особено плодотворни биле неговите грижи за Горицката женска обител, која што се наоѓала под управата на опитната и благочестива игуменија Маврикија, и во која што тој одел неколку пати годишно. Кога пристигнувал во манастирот, тој после службата долго време беседел со монахињите. Некои од беседите се запишани од нивна страна. Особено бил настојчив за придобивањето на добродетелта на смирението. Во однос на приложувањето на надворешните аскетски подвизи во Горицката обител, каде што имало монахињи од различно потекло, старецот се држел до мислењето дека треба да бидат применувани според мерката на силите и со земање во обзир на претходните навики на монахињите.

Освен монасите, кај старецот Теофан се обраќале и многу мирјани. Тој ги примал сите. Во манастирот пристигале многу писма, на кои што старецот грижливо одговарал.

Гласините за трудовите на старецот стигнал и до Петербург. Императорот Александар му подарил митра и награден крст и со неговото застапништво го зголемил земјиштето на Новоезерскиот манастир.

Во 1828 година старецот многу ослабнал. На празникот Рождество Христово ги смогнал сите сили, отишол во трпезаријата, им дал поука на браќата и ги замолил да се молат мирно да отиде кај Господа. Напишал заветување, во кое молел да го запазат уставот воведен од него и се распоредил со неколку раса и неколку книги - единственото што го имал, и потоа замолил да го ослободат од игуменството.

Назначениот по негово укажување приемник игумен му се потчинил во сѐ, но старецот Теофан се однесувал со него како со свој претпоставен. Тој започнал да ги исполнува уште построго своите директни задолженија. Без пропуштање ги посетувал црковните служби и никогаш не седел во храмот.

Кон крајот на 1832 година старецот Теофан за последен пат го посетил Горицкиот манастир и неговата беседа се одликувала со јаснотата и спокојството, кои се одлика на подвижниците на крајот од нивниот животен пат. Се вратил дома болен, и на 3 декември 1832 година, на осумдесет годишна возраст, по причеста и маслосветот, тивко се преставил, во присуство само на својот ќелијник, шепотејќи го името на нашиот Господ Исус Христос.

Од духовните поуки на старец Теофан Новоезерски

Духовниот живот - зборувал старецот - треба да биде едноставен, прост, чистосрдечен, кроток, благопокорен и најмногу смирен. Смирението е спасение без труд. Срдечното смирение е првата и најважна основа на домот на душевниот и монашки живот. Бидејќи и Христос, Синот Божји, вели: „Поучете се од Мене, бидејќи Сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокој за своите души“ (Мат. 11, 29).

+++

Ако бидеме навредени од некого, треба да кажеме: „Согрешив, прости ми заради Бога“, а во себе си да ги видиме своите гревови и да помислиме: „Достоен сум и за поголема казна од тоа“.

+++

Христос, Синот Божји, кога Го хулеа не одвраќаше со хули; „кога страдаше не се закануваше“ (1Петар 2, 23). А ако некогаш срцето се смути од нанесената навреда, никако не треба да ја изразуваме својата вознемиреност со зборови, а со сите сили треба да се воздржиме од такви, според оној што рекол: „Се вознемирив и не зборував“ (Пс. 76, 5). Треба да се сеќаваме на Апостолските зборови: „Сонцето да не ве зајде гневни; ниту му давајте место на Ѓаволот“ (Ефес.4, 26, 27). Во спротивно ниту нашите молитви ниту останатите наши добродетели ќе Му бидат угодни на Господа, колку и да се големи тие.

+++

Треба да се воздржуваме не само од лошите дела туку и од нечистите помисли, внушувани од бесовите. Прво се појавува прилог, односно ѓаволска претстава во нашите помисли. Потоа соглас. носта на нашиот ум со ѓаволската престава, и на крајот и самото извршување на делото. Затоа веднаш треба да ја отсекуваме секоја помисла, која што може да и наштети на душата, со сеќавање на постојаното Божјо присуство, согласно со напишаното: „Секогаш Го гледав пред себе си Господа, зашто Он е од мојата десна страна; нема да се поколебам од добродетелниот пат“ (Пс. 15, 8). А свети јован Лествичник поучува вака: „Тепај ги противниците со Исусовото име, зашто нема да најдеш посилно оружје против нив од него ни на небото ни на земјата. И затоа постојано треба да ја имаш на ум оваа молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешниот! Господи, отстрани ги од мене сите лукави помисли! Господи, дај ми добра мисла!“

+++

Не треба да обраќаме внимание на туѓите недостатоци, а секогаш треба да гледаме во своите гревови. Да не ги осудуваме другите, а да се обвинуваме и прекоруваме себеси. Преку тоа можеме да добиеме поправање на својот живот.

+++

За дела, спротивни на Божјата волја, ќе треба да наследиме незаспивлив црв, незгаслив оган, врел катран (види Марко 9, 44; Ис. 66, 24). Кога ќе си го помислиме тоа во умот, можеме да ги победуваме страстите, кои што војуваат против нашиот дух.

+++

Нема да ни бидат од полза - говорел старецот - ниту синџирите, ниту влагата, ниту постот, дури некој да се храни и еднаш седмично, ниту продолжените бденија и стоењето право, ниту многуте поклони, ниту сите телесни измачувања, бидејќи телесното подвизување според зборовите на Апостолот е за малку полезно (1 Тим. 4, 8) ако нема духовни добродетели. Треба да имаме нелицемерна њубов помеѓу себе, да бидеме во послушание, во трпение и смирение, А железото, гладот и поклоните не ќе можат да не спасат. Бог бара мир и чистосрдечна љубов. Зашто плодот на духот е: љубов, радост, мир, долготрпение, благост, милосрдие, вера, кротост, воздржание, Против таквите нема закон (Гал. 5, 22).

+++

Верата, надежта и љубовта се трите евангелски добродетели. Верата е додека сме живи. Веруваме, но не гледаме. А кога ќе видиме, верата ќе премине, како и надежта, со која што се крепиме во животот, а љубовта ќе се зголемува вечно. Кога ќе го видиме Бога, каков што е, тогаш ќе има совршена љубов! За тоа треба да се подготвиме во овдешниот живот и да си ја очистиме душата од сите лажни мисли и чувства, кои го попречуваат нашиот растеж на Божествената љубов во нас. Удостој ме, Господи, да Те сакам со сета своја душа и мисли и во се да ја извршувам волјата Твоја!

+++

Што и да видиме, во што и да погледнеме - сѐ е Божја творба, дури и тоа што е направено од човечките раце. Умот му е даден на човекот од Бога, а без ум ништо не можеш да направиш. Голема Божја милост има над нас, неискажано е Неговото милосрдие!... „Ете, оние, кои што се оддалечуваат од Тебе, загинуваат... А мене ми е добро да се доближувам кон мојот Бог“ (Пс.72,27, 28).

+++

Може да ги разгледуваме помислите и да ги отфрламе недостојните а да ги примаме само добрите. Така и делата ќе ни бидат хармонични. А ако ја примаме секоја помисла, ќе не нападне таков рој од нив, како скакулци. Треба да имаме само една мисла: дека постоиме само јас и Бог. А кој сум јас? Комарец, прав, земја.

+++

А ако имаме некакви тајни недостатоци, треба неодложно да ги исповедаме. Господ Бог се радува за покајните и ќе ги прими во Своите прегратки како заблудената овца. Прекрсти се и кажи: извлечи ме од устата на погубниот змеј, зинат да ме проголта и жив да ме вовлече во адот.

Жално е што малку мислиме за смртта. Кога ќе ни биде досадно, да размислуваме за смртта, за Христовото доаѓање. Помислете како ќе бидете задржани во воздухот, каков одговор ќе дадете на митарствата. Колку што е возможно, принудувајте се на читање. Кога ќе го исполните сето тоа, ми се чини дека ќе немате време да се досадувате. Господ Бог знае што ви е потребно. Викајте кон Него: Нека биде волјата Твоја!

+++

Кога некој ќе нѐ натажи, треба да се тешиме со мислата дека Бог е милостив и тагата ќе помине а за сестрата која те натажила помоли се. Господ ќе ги поправи сите. Ние го примаме од непријателот штетното за нашата душа. Да се обидеме да го примаме од Спасителот лекарството полезно за нашата душа, макар и да е горчливо: „Кој ќе претрпи до крај ќе се спаси“ (Мат. 10, 22).

+++

И во овдешниот живот Господ Бог нѐ удостојува со големи дарови. На едни дава дар на исцеление, на други дар на прозорливост, други зборуваат на непознати за нив до тогаш јазици. Така Ефрем Сирин по молитвата на Василиј Велики започнал да зборува на грчки, за да се разбираат еден со друг без преведувач. Но, за тоа е потребно смирението на свети Ефрем. А ако си повредена, чувствуваш внатрешен немир, но не се оправдуваш, не искажуваш никакви противречни зборови, замолчиш, за тоа нема да останеш без награда! Секое дело, секое искуство, сѐ бара трпение.

+++

За смирението Господ Бог дава благодат, Еднаш еден старец зборувал постојано од утро до вечер а друг молчел. Еден прозорливец рекол за нив:

„Оној што зборуваше го сочува молчанието а оној што молчеше е празнословец, зашто молчеше но се гордееше со тоа“,

Многу е важно кој со каква намера врши нешто. Господ Бог суди според нашите намери. Таа наука е сосем друга, не е философија. Во световната наука се прикрадува славољубието а тука во основата е смирението.

+++

Да се превознесуваш и да ги потценуваш сите, тоа е демонска работа. Подобро е да го придобиеш Христовото смирение. Зашто ако се бевме искушувале самите себе, немаше да бидеме судени (1.Кор. 11, 31). Додека не придобиеш смирение, никако не ќе можеш да пребиваш во спокојство, зашто непријателот постојано ќе те фрла од страст во страст, исто како од пропаст во пропаст. А кога има смирение, тогаш ќе ги има сите добродетели. Тоа е како свет синџир. А пак онаму каде што има гордост, таму има славојубие, омраза, вознемиреност, кавги и секаков вид на зло.

+++

Треба да живееме со цел да Му угодиме на Господ Бог, да мислиме за себе си дека сме земја и во земјата ќе се вратиме. Нема да живееме овде долго на гости. Благодарете Му на Господ Бог што не создал луѓе. Бог ни го продолжува животот за да ни се очисти душата од сите страсти. Никаква нечистотија нема да влезе во Небесното Царство. Моето смиреномудрувачко срце нека биде покриено со Твојот страв, за ако се превознесам да не отпаднам од Тебе, Сештедар! Што и да се случи, нека биде Твојата света волја!

+++

И тешкотиите треба да ги поднесуваме со благодарност. Ние си мислиме дека тие доаѓаат едноставно ете така. Не! Господ Бог ги испраќа за да сфатиме дека сѐуште не сме стекнале смирение и трпение. Бог ни ветил дека нема да нѐ заборави: Дојдете при Мене сите што сте оптоварени и Јас ќе ве успокојам (Мат. 11, 28). Апостол Павле вели: „Никој не ме весели освен оној кој прима навреди за Мене“. На какви ли не мачења јазичниците ги подложувале со Божјо допуштање христијаните во Грција. А ние живееме во спокојство, во тишина. Ах, колку се гневи Господ за нашата неблагодарност!

+++

Ако надворешно си смирена, тивка, трпелива, тоа сѐ уште е недоволно; тоа е телесно, а неопходно е душевно, совршено. Неопходно е да мислиш: „Јас сум најлошата од сите. Сама сум виновна за се“. А не да ги обвинуваш другите дека те наклеветиле. Не треба да има никакво оправдување.

Сета важност се состои во смирението. Колку поклони и да правиш, ако мислиш за себе си: „Јас водам суров живот“, - нема никаква полза од тие трудови.

+++

Создателу мој! Новороденчето трча кон мајка си, а ние сѐ повеќе се оддалечуваме од Тебе. Гледаме какви потреби трпат луѓето во светот, без да знаат зошто е така, а ако вие трпите со разбирање и го префрлате тоа на своите сопствени недостатоци, и си велите: „Јас сум недостојна за нешто подобро“, тоа, се разбира, ќе биде жртва, благопријатна на Бога. А ако роптате, од тоа нема никаква полза. Оној што ропта се измачува себе си. Бог прави сѐ за твоја полза. Бог, Самодоволниот и Себлажениот, нема никаква потреба од тебе. И при тоа Бог ги има небесните сили: Архангели, Серафими, Херувими, а ние што треба да мислиме за себе си? Бог не бара многу. Еве една кратка молитва, научете ја напамет:

„Владико Боже, Оче Седржителу, Господи Сине Единородни, Исусе Христе и Свети Духу, едно Божество, една сила, помилуј ме грешната, на кој начин како што знаеш, спаси ме, недостојната Твоја слугинка.

Владичице моја, Пресвета Богородице, спаси ме, грешната! Ти си над светите Ангели и си се удостоила да седнеш близу до Света Троица. Господи помилуј! Господи, не ме оставај! Господи, дај ми добра мисла, отфрли ги од мене сите лукави помисли!“

+++

Не треба да лажеме, а ако неочекувано се случи да излажеме нешто, веднаш треба да си кажеме: „Бог ни забранува да лажеме и ни заповеда да се учиме на вистината“.

+++

За време на молитвата треба да си мислиме: „Јас сум само прав и пепел“. Треба да стоиме пред Бога со страв и трепет, така што, како главата така и мислите да ни бидат наведнати. Бог малку по малку ќе поправи сѐ, кога Го молиме. Еве, нели гледаме дека оние што Му угодиле на Господа, биле исто така луѓе како нас. Доволно било што се одрекле од сите световни пристрасности.

+++

Исусовата молитва, по Господовата молитва, е највисока од сите молитви. Преку неа Му зборуваш дирекно и просто на Господа. Но, кога со устата ја произнесуваме молитвата, а умот ни талка, очигледно е дека не стоиме пред Бога. Умот или духот во нас прелетува толку брзо, што за еден миг може да си го престави тоа што сме го виделе или чуле. Но, зошто да се занимаваме со празни нешта? Ајде да се молиме и да говориме: „Господи, просвети ги моите заслепени душевни очи“, а најдобро е вака: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешната“.

+++

Молете Го Господа онака како што Го молеле и светите Апостоли: Господи, научи нѐ да се молиме (Лука 11, 1). Зашто ние самите не знаеме за што да се молиме. Бог нека нѐ упати преку Светиот Свој Дух. Сее ѓаволот свои плевели, внесува свои мисли. Господи! Дај ми добра мисла! И Господ Бог ќе помогне, Молете Го Господа Бога да достигнете до познание на вистината... Нарекувајќи се себе си мудри, тие избезумеа (Рим. 1, 22).

Понекогаш многу знаење е од голема штета, а треба да се предаваме на Божјата волја. Треба да живеете во Бога, секогаш во тишина, постојано во спокој надвор од светот, надвор од светскиот живот. Радувајте се, праведници, во Господа! Треба да се радуваме за тоа што ни е ветено и кое што човечкиот ум не може да го достигне. Нашиот достап до небесниот Цар зависи од нас. При секоја вознемиреност можеме да прибегнеме кон Него. Велат: „Кој не излегол од морето, не Му се молел усрдно на Бога“. А немирите во животот зарем не се токму тоа. Каде што има повеќе возбуда, каде што има повеќе вознемиреност, токму таму треба и да прибегнуваме кон Бога. Читав еден разговор меѓу учен и овчар. Учениот запрашал:

- Ти, учен ли си?

Овчарот одговорил:

- Никогаш не сум бил таков.

- А од каде знаеш за Бога?

- Никогаш не се разделувам од Него, секогаш сум со Него. Знам, дека Он е мојот Создател. Во земните работи никогаш не се прилепувам кон некои од нив, бидејќи знам дека нашиот живот е на небото.

Тогаш учениот рекол:

- Од ниту еден богослов не сум добил таква полза.

Ајде и ние, слично на тој овчар, да се прилецуваме кон небесното, да мислиме дека животот ни е на небото и да се трудиме да го најдеме.

+++

Молете се на Господа „Од моите тајни гревови очисти ме и од туѓите поштеди ја Твојата слугинка“. Треба да го соединуваме умот со Бога а не да го минуваме животот во суета.

+++

Штом ќе станете наутро, не примајте никакви помисли, туку најнапред испратете молитва кон Бога а потоа кон Пресвета Богородица кажете што ќе ви дојде на ум, и без се уште да се занимавате со нешто, насочете го својот ум врз своите гревови и паднете ничкум со нив пред иконата на Христос, нашиот Спасител, со умилна душа и молете Го да ве заштити од паѓање, Молете ја исто и Пресвета Богородица и Таа да ве заштити од ѓаволот и да ве покрие со Својот чесен покров. Кога ќе си спомнете за своите извршени гревови, молете ја Пресвета Богородица да измоли за вас прошка и простување на гревовите од Нејзиниот Син и наш Бог Христос, А Без молитва не излегувајте никаде од својата ќелија. Пред да излезете, кажете ги со чувство на умиление и со поклон „Боѓородице Дево радувај се“ и „Достојно јесш“. И за вода во ходникот не излегувајте, без претходно да се помолите. И пред легнување исто така три пати кажете ја „Богородице Дево“ и „Достојно јест“, и спијте спокојно.

+++

На секое ваше вдишување повикувајте ја Пресвета Богородица. На секое ваше вдишување, произнесувајте во својот ум молитва кон Неа. Понекогаш повторувајте си го ангелското благовестие, а понекогаш просете ја Нејзината милост, за да го смилостиви Нејзиниот Син кон вас и да ви се јави на помош на смртниот час.

+++

За време на душевни бранувања и вознемиреност кажувајте кратки молитви: „Господи помилуј!“, „Сине Божји, помилуј ме, грешната!“, „Пресвета Богородице, помогни ми! Не оставај ме! Помоли се на Твојот Син за мене, грешната!“

+++

За време на несреќа, наместо да роптате и дрско да ги обвинувате другите, молете се и признавајте дека достојно страдате за своите гревови. Не говорете и не мислете дека за време на вознемиреност не можете да се молите туку подобро кажете си: „Наредено ми е да се молам, макар и да не ми се сака!“. Вложувајте ги сите сили да се молите на сила. Не подавајте се на непријателот, зашто токму тој ѝ пречи на молитвата. Тој од ништо не се плаши толку како од крстниот знак и од молитвата. Ако му се спротивставувате, тоа означува борба, и тоа борба, која Му е пријатна на Бога. Расплачете се, покајте се: „Господи, прости ми, згрешив. Јас сум најлошата од сите, а се сметам себе си за подобра од останатите! Господи прости ми мене, арогантната!“

+++

За сите ваши потреби прибегнувајте кон Божјата Мајка. Таа помага во сѐ, се застапува за нас, нѐ чува. Молете се: „Дари ми да ги дознаам и чувствувам Твоите добрини, Мајко Божја, не оставај ме мене, грешната, да потонам во нечувствителност!“

+++

Цврсто верувајте, дека кога го кажувате архангелскиот поздрав Пресветата невидливо ве поздравува и ви плете венец. Исус Христос ја предизбрал за Своја Мајка, за Таа да се застапува за грешниците. Ако некој дури и само беседи за Пресвета Богородица, и за тоа ќе добие голема награда - Таа ги слуша сите и се застапува за сите. По Нејзините пресвети молитви сѐ е возможно!

+++

Почесто кажувајте ја Исусовата молитва и Богородичната молитва. Размислувајте почесто за смртта, за Второто Христово доаѓање, за Страшниот Суд. И не примајте никакви други мисли. А за време на молитва и на духовни расудување чувајте се. Поставете и на мислата забрана: „Со името Божјо ти забранувам!“. И мислата неодложно ќе послуша. Преку Исусовата молитва и крстниот знак лесно ќе биде прогонета сета непријателска сила.

+++

„Не одделувај се од мене, Создателу мој!“ Каква мисла и да дојде, веднаш обратете се кон Господа. Тоа што е ветено со сигурност ќе се случи. Ако победиме некоја помисла, веќе сме победници над страстите. Ако дојде неполезна мисла и започне да нѐ потканува: „Оди овде - онде“, или „Кажи ова - она“, а ние ѝ се спротивставиме ѝ се покаеме преку молитвата, ете, веќе сме победници!

+++

Блажени се бедните по дух, зашо нивно е Царството Небесно (Мат. 5,3). Беден според светското сфаќање е оној што има недостиг од средства за живот, а ние треба да се сметаме себе си за бедни со духот, зашто немаме ништо добро. И како што бедните просат од луѓето милостиња, така и ние треба непрекинато да викаме кон Господа: „Господи, дај ми смирение, трпение, послушание!“

+++

Може ѓаволот да постави такво огледало пред твоите духовни очи, така што ќе можеш да ги гледаш сите туѓи недостатоци и гревови. Но, треба да се гледаме повеќе самите себе си. Христос Господ вели: „Не ја гледаш гредата во своето око а во туѓото и малата сламка ти изгледа како греда“. Токму тоа е љубопитниот дух, духот на гордоста, духот на славољубието. Избави ме, Боже, от тој погубен дух! Непријателот ќе ти претстави нешто кое не се случило, а ти ќе го примиш внушеното, ќе се вознемириш и ќе му бидеш подредена. Подобро гледај ги сопствените недостатоци, непрекинато мисли за нив и труди се да се поправиш без одложување.

+++

Ако кажеме дека се молиме, но решиме да ја разгледаме својата молитва ќе откриеме множество од непристојни помисли, кои не и припаѓаат! Со јазикот се молиме а умот ни е без плод, се занимаваме со мисли од родот на: „Мене ме игнорираат а другите ги претпочитаат. Мене ме понижувааат а другите ги сакаат и се однесуваат ласкаво со нив“, и при тоа се зголемуваат раздразнетоста, зависта и ревноста. Таквата молитва не води до смилостивување на Бога, туку е за грев и води до раздразнување на Бога. А треба да ја просиме од Господа Неговата благодат, за Он да и помага на молитвата, и да Го молиме да ни ги просвети душевните очи и да го бараме од Него она што Нему Му е угодно. А Нему Му е угодно да имаме смирение, трпение, незлобивост, љубов кон сестрите и кон мајката игуменија, послушание, скромност, тивкост и мирен живот, да ги сметаме сите за светии, а себе си за грешница, откако ќе си замислите дека живеете, не во обичен дом и не во населба на грешници, туку во домот на вашиот Бога, и да не се досадувате од тој живот а подобро да се радувате што Господ Бог ве довел во тивко пристаниште. И така, одлучете од тој момент па натаму да тргнете кон подобро, да го поправите својот живот и откако ќе го оставите светскиот да го прифатите духовниот. Во него има на што да се научиме, можеме да се вознесеме со умот дури до небото, можеме да се спуштиме и на дното на адот. Убаво разгледајте какви се небесните жители - праведните ќе блеснат како сонце во царството на својот Отец (Мат. 13, 43), а во адот, според зборовите на Христа Спасителот, има незгаслив оган и црв што не умира (види Марко 9, 44). И така, за да не паднеме во тој несреќен и мачен живот, треба целосно да ги оставиме световниот начин на мислење и световната пристрасност, световната љубов, која што попрво ранува отколку што ја исцелува душата, световната политика - надворешно да имаме мир со ближните, со духовните сестри а во срцето да носиме зло, надворешно скромност, а внатрешно гордост и други слични страсти, кои се креваат како морски бранови во внатрешноста на душата. И ако не викаме кон Господа како свети апостол Петар, кој се осмелил да оди по водата и кога започнал да тоне извикал: „Господи! Спаси ме, загинувам!“ Ќе треба многу да страдаме и ќе се наоѓаме во непрестајна душевна бура. Но, не плашете се. Господ е блиску до вас, бидејќи блиску е Господ до сите кои Го повикуваат, до сите, кои навистина Го призиваат. Он ѓи исполнува желбише на оние кои Му се бојат, ѓи слуша нивнише повици и ѓи спасува (Пс. 144, 18, 19).

+++

Во смирението се содржат сите добродетели. Смирениот не може да се гордее, да се превознесува, да завидува, да мрази, да осудува, да се гневи, да противречи, да очајува, да е неспокоен. Пример нека ви биде Христос, Синот Божји: Поучете се од Мене - вели Он со Својата пречиста уста - бидејќи сум кроток и смирен по срце и ќе најдеш сиокој за своише души (Мат. 11, 29). Еве зошто се вознемирувате - зашто не сте достигнале до тој дар. Барајте и ќе ви се даде. Не се бараат многу зборови. Треба само простичко да кажете; „Господи, дај ми смирение“.

+++

Ако не сакате некого, сетете се на зборовите на свети Јован Богослов од Првото соборно послание: Оној што го мрази брата си (или сестра си,) тој се наоѓа во темнината, и во темнината оди, и не знае на каде оди, зашто темнината му ѓи заслепила очите. Како да го поправиме нашиот живот? А во утрените и вечерните молитви за што го молиме Господа Бога и Божјата Мајка? Тоа треба да го помниме. И ако Господ Бог би не вразумил секогаш да мислиме лошо за себеси, и при тоа да ги сметаме сите за светии а себе си за најлоши од сите, тоа би било големо дело, Божјо дело! Според зборовите на свети Давид: Се смирив и ме спаси. Господ погледнува во срцата на смирените.

+++

Занимавајте се повеќе со Божествените размислувања и со молитвата. Разгледувајте го овдешниот краток и многустрадален живот. Проникнувајте во чудесното видливо небесно Божјо творение - како е изградено сѐ и колку огромно е небесното пространство, и помислете за себе си - што сме ние? Ползавци, црвчиња.

+++

Ако сакаш да се спасиш и да го отфрлиш гревовниот товар треба да се прекоруваш себе си и да се караш на себеси и да плачеш за своето нетрпение. Треба да ги почитувате сите како да ви се родени сестри, да ги сакате сите - и така ќе се спасите.

+++

Треба секогаш да се сеќаваме дека за сѐ ќе дадеме одговор - за нашите помисли, за зборовите, делата и намерите.

+++

Не требаа да мислиме дали не сакаат или не нѐ сакаат. Подобро е да мислиш дека си недостојна да бидеш сакана, а самата да ги сакаш сите, зашто не ни е кажано да бидеме сакани а ни е заповедано да ги сакаме сите. Дури не бива и да забележуваме кој ни се лути или кој како не погледнал. Нема потреба да проникнуваме во нивните намери.

+++

Ако срцето не е склоно кон љубов спрема оние што се однесуваат непријателски кон нас, тогаш молете се: „Господи! Омекни ја тврдоста, жестокоста и скаменетоста на моето срце. Цврсто се надевав во Госиода, и Он се наклони кон мене и ги чу моите повици; извлечи ме од страшен ров, од шинесша кал, постави ѓи на камен моите нозе и зацврсти ѓи стапките мои“ (Пс. 39, 2, 3).

+++

А кога ќе ве налегне униние: Зошто паѓаш во униние, зошто се смутуваш? Надевај се во Бога, зашто јас уште ќе Го славам Него, мојот Спасител и мојот Бог (Пс. 41, 6).

+++

Не треба да имаме сопствено мислење и не треба да ги следиме своите мисли, а треба да се трудиме да ги одразуваме придонесите - тоа е нашата азбука.

+++

Кога ќе чуеш дека зборуваат лошо за тебе, помисли си: „Постапив лошо и затоа зборуваат лошо за мене“, и помоли се на Бога: „Господи! Помогни ми да се поправам!“

+++

Треба да ги сметаш сите за светии, а за себе да мислиш дека си недостојна, и кога зборуваш со нив, да не ги обвинуваш другите туку себе си.

+++

Бог намерно ни испраќа навреди, за да нѐ доведе до совршена незлобивост. Имаше луѓе, кои Го молеа Бога: „Господи, прати ми навреди“. А кога им се случија, тие не можеа да ги поднесат. После плачат, се кајат и пак молат за навреди, и кога повторно ќе им се случат, пак не ги поднесуваат и повторно се подготвуваат да ги поднесат следните. И така им се испраќаат навреди сѐ додека не стигнат до детско смирение. А ако не ги поднесуваме навредливите зборови, тоа не е полезно за нашите души: Се смирив и ме спаси. Ако се вознемириш во срцето, воздржи се од зборување и замолчи: Се вознемирив и не зборував.

+++

Кога ќе дојде некакво искушение, кажувајте си во мислите или на глас: Господи! Избави ме од искушението!

+++

Кога ве навредуваат и прекоруваат, оддалечувајте се со молчание. Свети цар Давид претрпел многу: Се сетив во својата тага и на Господа, и душата ми се утеши. Коѓа согрешил, рекол: Се смирив и ме сиаси.

+++

Зошто да се грижиме многу за иднината? Господ Бог ќе ја уреди нашата иднина подобро отколку што ние си мислиме. Треба да се предаваме себе си на Неговата света волја.

+++

При сите твои добродетели, ако помислиш на себеси дека си нешто, ете веќе си загинала. Подобро мисли си: „Јас сум грешна и полоша од сите“.

+++

Против хулните помисли треба да ги кажуваш зборовите на Архангел Михаил, кога деницата отпаднала: „Да стоиме добро, да стоиме со страв! Да не мислиме ништо пред нашиот Творец! Или: Свет, Свет, свет е Господ Саваот! Небото и земјата се ќолни со Твојата слава! Да стоиме добро, да стоиме здраво за Господа!...“ 

+++

Светите Отци велат дека ако ни дојде лоша помисла, таа е од ѓаволот. Тогаш треба побргу да се прекрстиме и да кажеме: „Господи, дај ми добра мисла! Просвети го моето душевно око!“

+++

Не треба да им завидуваме на добрите дела на другите. Треба да ги гледаме само своите недостатоци и да мислиме за нив. Самопрекорувајте се мислено: „Тешко мене, затоа што сум горда и не можам да се трудам“.

+++

Треба да се плашиш, да бегаш и да се чуваш од смртните гревови, какви што се гордоста, непокорноста, славолљубието, сребројљубието. Тие се нарекуваат смртни зашто водат до дното на адот.

+++

Некои оделе во затвор, други носеле тешки синџири, но тоа нема да се бара од нас, а треба да се смириме, да трпиме, да имаме послушание - ете тоа ќе се бара. Ако претрпиш навредлив збор - еве ти ги синџирите.

+++

Не е потребно да го бараш Бога далеку. Бог е насекаде и се исполнува. Бог е во нашите срца. 

+++

Види: Бог ни испраќа неволји за да ни го види трпението и да ни сплете венци. Ако кажеш збор полезен за другите, ќе добиеш венец. Ако благодушно поднесеш тага и за тоа ќе добиеш венец. Ако развратиш некого ќе бидеш мачена. Ако се спротивставиш на претпоставен и за тоа ќе има мачење.

+++

Не треба да имаме сопствена волја. Нашата волја е меден зид меѓу Бога и човекот.

Не треба да се правдаме, зашто ќе има многу зборови. Кратко речете: „Простете соѓрешив!“ и со тоа сѐ ќе се заврши.

+++

Нашиот Бог е на небесата (и на земјата); прави сѐ што сака (П 13. 11); затоа Он е и тука со нас и не треба да си мислиме дека присуствува само на небото. Треба да Го бараме повеќе во срцето. Господ ќе те просвети ако Го молиш: Барајте и ќе ви се даде, чукајте и ќе ви се отвори. „Господи! Ти научи ме, Ти вразуми ме, Ти упати ме да ја изршувам Твојата волја!“ Така молете се и Господ ќе ви открие што Му е угодно Нему.

+++

Господ нѐ казнува бидејќи не сака: Ако ѓи поднесувате казните, Бог постапува со вас како со синови; зашто Господ го казнува оној што го сака; го бичува секој син што го прима (Евр.12,7,6).

+++

А во што се состои оваа казна?

Во допуштање на искушенија. Кога те навредуваат, ожалостат, понижат, треба да го претрпиш сето тоа и да се молиш: „Господи, дај ми трпение!“

Ако поднесеш штета во нешто и истрпиш, ќе бидеш награден од Бога. Бог е сезнаен. Нема да остави ништо без награда. И за најмалата црта, за полезниот збор или дело, за сѐ ќе има награда. Бог гледа и знае се.

+++

Кога во нашите мисли ја нема Исусовата молитва, треба да знаеме дека во нашите мисли има годрост. Затоа Божјата благодат не може да присуствува тука. Или пак, кога ги осудуваш другите, ги игнорираш, а себе си се сметаш за подобра. Можеби долго време се сеќаваш кој те навредил, го чуваш тоа сеќавање и не го забораваш - тоа е злопамтивост и белег за срдечна нечистотија. Завидуваш, мразиш, сето тоа е грешно и противно на Бога. Како се дрзнуваме да го разгневуваме толку големото Суштество -Бога, ние, купчињата земја, прашинките и црвчињата? А Го разгневуваме со непокорноста и ропотот.

Моли се со љубов кон Бога и кон сите. Госиоди! Удостој ме да Те сакам со сета своја душа и мисла и во се да ја извршувам Твојаша волја! Господи! Дај ми нелицемерна љубов, односно не човечка, а Божествена, безгрешна и бестрасна. Господи! Дај ми да ставам добар почеток! Погледни кон мене и помилуј ме, како што постапуваш со оние, кои шо го сакааш Твоето име! (Пс. 118, 132).

Утврди ѓи моите стапки во Твоето слово и не давај да ме надвладее никакво беззаконие; избави ме од човечкото уѓнетување, и ќе ѓи пазам Твоише заповеди; осветли го Твојот раб со светлината на Своето лице, и научи ме на Твоише заповеди! (Пс. 118, 133-135).

+++

Не треба да навлегуваме во истражување на Божјите судби. Кој човек знае што има во човекот, освен човечкиош дух, кој иако живее во неѓо? Така и Божјото никој не го знае, освен Божјиот Дух (1.Кор. 2, 11).

Говорете само: „Ништо не знам“. Секогаш молете Го Бога да ви ги просветли душевните очи. Се разбира, подобро е да се обратите себеси отколку да ги обраќате другите. Господ Бог не повикува да се обраќаме кон Него со сето свое срце.

+++

Не барај слава од луѓето! Потребна ни е само слава од Бога! Што може да ни даде човечката слава? Ќе ѓи прославам оние што Мене Ме прославуваат. Од наша страна не треба ни да мислиме за тоа, да бидеме прославувани. Господ и без нас знае кого да прослави а кого да понижи. Треба повеќе да мислиме за себе си, дали не ни се расфрлани мислите, и ако мислите и душата ни се неисправни, да размислуваме за тоа и да се поправаме себе си. Дури само промената на лицето може да го навреди ближниот.

+++

Додека целосно не се очистиме, Господ Бог ни го продолжува животот, за да ни се очисти душата од сите страсти, односно пороци, за да не влезе во Небесното Царство никаква нечистотија: моето смиреномудрено срце нека биде покриено со Твојот страв, за ако се превознесам да не отпаднам од Тебе Сештедар.

+++

Еве уште една кратка молитва, Бог не бара многу: Владико Боже Отче Сеоржишелу! Еве, ние се обраќаме кон Самиот Бог Отец. Господи, Сине единородни Исусе Христе - кон Бог Син; и Свети Духу - кон Бог - Светиот Дух; едно Божество, една сила, помилуј ме, гешната, и спаси ме како шо Ти е угодно! Владичице моја, Пресвета Богородице, спаси ме, грешната! Наоѓајќи се повисоко од сите небесни ангели, Таа се удостоила да седне близу Света Троица! Непрекинато повторувајте: Господи, помилуј! Господи, не оставај ме! Господи, дај ми добра мисла! Ошфрли ѓи од мене сите лукави помисли! Присоединувајте ги кон молитвата и сите телесни усилби, не треба да стоите опуштени, стегнете се така што и рацете да чувствуваат, и рамењата да чувствуваат, и тогаш и мислите ќе бидат поздраво сврзани со Бога, и подобро ќе разбирате што се чита. Тоа е душевна наука.

+++

Не лутете се на никого, зашто човечкиот гнев не ја врши Божјата правда (Јак. 1, 20). Овојј живот е таков што треба да бидеме како новородечне. Ако не станете како деца, нема да влезеше во Царството Небесно (Мат. 18, 3). Бидете новороденчиња не според умот туку според злобата.

+++

Мнозина сакаат да видат нешто на сон, но од тоа се умопобркуваат. Тоа не треба да се сака и затоа што понекогаш води до гордост. Велат: „Јас сум удостоен со вакво или онакво видение“. А тоа е од ѓаволот.

Други пак сакаат да предвидат некакво идно случување, но и тоа не е наша работа. Ние треба само да внимаваме да не согрешиме пред Бога. Дури и сега има чудотворци. Тие се смирените, трпеливите и кротките, кои ги бркаат од себе демонските прилози, ги чуваат душевната и телесната чистота. Тие нема да посакаат да извршуваат чудотворства. Оној што го прима достојно Телото на Христа, Синот Божји, тој го надминува чудотворецот.

+++

Оној што ги поднесува болестите со благодарност, Господ Бог скоро ќе го посети, а оној што поради болест не оди на црква, не треба да се сомнева а треба да вели: Нека биде волјата Твоја! Види го мојот труд и моише болести и прости ми ги сите гревови! Бог не сака ништо над нашите сили.

+++

А кога стоите во црква: Коѓа стоиме во храмош на Твојата слава, мислиме дека се наоѓаме на небото!

+++

За време на службата во црквата молете се: Госиоди, дај ми смирение! Треба само да го насочиме умот кон Бога и сите поуки да се однесуваат на тоа умот да биде очистен. Одиме на црква за да излеземе пред Неговото Величие и да Му принесеме словесна служба. Молитвите ни се недостојни.

+++

Кога се исповедате, молете Го единствениот Давател на богатствата: Господи, дај ми помисла за исповедање на моите тревови!

И кога свештеникот ќе каже: „Простувам и разврзувам!“, во истиот миг и на небото ви е простено и разврзано.

+++

Кога стоиш пред Чашата на Причеста, имај ја на ум мислата кон каква голема тајна пристапуваш: Божествениот оган ги осветува достојните и ги гори недостојните. Недостојно се причестуваат оние што пристапуваат кон таа Светиња без помирување.

+++

Не живееме во време на гонења. Но, не може да се рече дека и сега нема гонења. Има гонења од ѓаволот. Тој ќе ни претстави во умот ту едно ту друго, за да нѐ доведе до униние, до тага, очајание, за да не откине на било кој начин од Бога. Ни претставува нешто што воопшто не се случувало, преувеличува, од ситно семе прави планина. Треба да трпиме и Господ нема да нѐ остави.

+++

Господ Бог знае што ни е потребно. Викајте кон Него: Нека биде волјата Твоја! Он говори кон сите: Повикај ме во тежок ден и Јас ќе те избавам (Пс. 49, 15); повикај, без да се сомневаш, повикај со вера.

+++

Еве што е добро да имаме во мислите: „Јас сум земја. Дадено ми е само да го погледам тоа премудро здание - ќе го погледам и пак ќе се претворам во земја“.

+++

Ако Господ не го изгради домот, напразно ќе се трудат неговите градители (Пс. 126, 1). Неопходно е да Го молиме Господа да биде камен аголник во нашата душевна градба. Зашто без Него не можат да се остварат ниту едно дело, ниту еден збор.

+++

Бог прави сѐ за твоја полза, а за самиот Себеси Он, самозадоволниот и себлажениот, нема потреба од тебе, Зарем Он не може да створи милиони светови и зарем не ги поседува Небесните Сили - Архангелите, Серафимите, Херувимите?

Така што, не треба да имаме сопствена волја. Треба да се предадеме на Божјата волја. И во мојот живот се одеше не според мојата желба. Имав намера да живеам на Света Гора, но Бог не ме однесе таму. Сакав да поживеам кај старец Пајсиј, кај тој голем старец, но ни тоа не се случи. Во Кина сакав да одам, веќе бев поднел и молба, но се случи да бидам во Петербург, ќелијник на митрополитот. Не сакав да станам ни јероѓакон - многу одбегнував. Не успеа ни тоа. Потоа Бог ме доведе тука. А колку се откажував од архимандритството! Страшно е и да помислиме да одиме против Божјата волја.

+++

Ако ни дојде некоја ѓаволска помисла, треба да си замислиме како е таму, на небесата. Таму нема ниту завист, ниту сомневање спрема некого, ниту противречење, ниту спротивставување, сите се потчинуваат на манирите на Создателот. И во овдешниот живот треба да се уподобуваме на небесниот.

+++

Го молиме Господа: „Не лишувај ме од Твоите небесни богатства“. Бог вели: „Подготвен ли си. Поучете со од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце. Бидете трпеливи, бидете послушни и ќе го добиете Царството Небесно“.

+++

Зошто да го одложувате покајанието и да говорите: „Ќе се покајам по извесно време?“ Наместо тоа веднаш штом согрешите треба да говорите: „Господи, помилуј ме, паднатата“.

+++

Некои гревови се секојдневни а некои смртни. За смртниот грев се бара поголемо покајание, Ако се случи да се насмееш, во истиот миг кажи: „Согрешив, Господи, прости“, Ако ти дошла лоша мисла, кажи: „Господи, отфрли ги од мене сите лукави помисли на овој видлив живот“. Ако се случи да излажеш, кажи: „Господи, прости ми го согрешението“, Светиите имале плочки на кои што ги запишувале своите гревови и потоа ги читале.

+++

Но, да се покаеш со намерата повторно да започнеш да вршиш гревови, тоа е смртен грев. Преголемата надеж во Бога без добри дела е смртен грев. Треба да молиш: „Не влегувај во суд со Твојата слугинка“, а не да мислиш: „Господ ќе ме помилува“.

Неопходно е исто и да поплачеш за своите гревови. Некои солзи се од огорченост. Тие не се полезни туку се штетни. А таквите како: „Јас водам неправилен живот, мрзелива сум, навредлива сум, не можам да им угодам на сестрите, немам толкава љубов кон Бога за да Го возљубам со сета своја душа, со сето свое срце, со сите свои помисли“. Тие солзи се полезни и треба да се молиш за нив“. Господи, дај ми солзи и сеќавање на смртта“.

+++

Немој да мислите дека откако сте постеле една седмица веќе сте достојни за причест. Не. Колку и да постиме, само постот не не прави достојни за примањето на страшните и пречисти Тајни.

Подготовката не се состои во тоа да не пропуштаме ниту една служба, да не падне зејтин врз лажицата и да се воздржуваме од храна. Неопходно е внатрешно очистување: да нема славољубие, гордост, непокорност, да не задржуваме лоши помисли во својата душа, макар и за миг.

Оној што останува во мака, не сака да побара прошка од другите за тајни и јавни навреди или простува, но не од срце, Господ се гневи на таквите и нивното причестување им е за осуда. А колку почесто се причестуваме без злоба, откако сме се исповедале со чисто срце, толку е подобро.

+++

Наместо кон Бога, ние се обраќаме со љубов кон временските нешта. Го оставаме Бога и се прилепуваме кон тварта, се занимаваме со суетни нешта. Ако стекнеме пристрасност кон храна, кон облекување, тоа ќе биде идолопоклонство. А не треба да сакаме ништо повеќе од Бога. Трудете се да Го возљубите само Бога и да се прилепите единствено кон Него. Сеќавајте се дека во молитвата на шестиот час читате: „Не давај да ни застранат срцата кон лукави зборови или помисли, но со Својата љубов пронижи ни ги душите!“

+++

Ако почувствуваш некаков недостиг на трпезата, ако имаш потреба од нешто друго, биди трпелива. Ние не сме достојни и за тоа што го користиме тука. Треба и за тоа да Му благодариме на Господа. Благодарете за сѐ.

+++

Дури и да ги придобие сите богатства на овој свет, човекот би бил бедник ако не поседува душевно богатство.

+++

Молете Го Господа Бога онака како што Го молеле и светите апостоли: „Господи, научи не да се молиме (Лука 1,1). Сами не знаеме за што да се молиме. Поучи нѐ со Твојот Свет Дух!“

+++

Телесните очи ни се дадени за да го созерцаваме великолецието на светот, создаден од Бога, а душевните очи за да ги насочуваме кон самиот Творец: „Кон Тебе, Господи, ја издигам својата душа“ (Пс. 24, 1).

+++

Ние знаеме за Божеството онолку колку и најситната мушичка, која одвај се движи. Дури и Божјите Ангели не можат да постигнат што претставува Бог.

Пред Бога треба да стоиме со страв и трепет, така што и главата и мислите да ни бидат наведнати.

Треба да го произнесуваме Божјото име со голем страв. Кои сме ние? Црви и прав!

+++

Кога стоиме на молитва не треба да се олабавуваме како раслабени. Треба и членовите да учествуваат во неа, и рацете да чувствуваат, и рамењата да чувствуваат, така и мислите да се прилепат поздраво кон Бога и ќе го разбираме подобро она што се чита. Ете, тоа е душевна наука.

Кога со устата ја изговараме молитвата а умот ни броди далеку, тогаш очигледно не стоиме пред Бога. Умот или духот ни прелетува толку брзо, така што за еден миг можеме да си го претставиме тоа што сме го виделе или чуле. Но, зошто да се занимаваме со празни нешта:

Со умствената молитва треба да ја соедините и устната. Се плаши ѓаволот дури и од зборовите на молитвата. Некој си рекол: „Не сфаќам со умот што читам. Ти не сфаќаш - одговорил старецот - но ѓаволот сфака“. Нели духот ни е облечен со плот. Неопходно е телото да принесува на Бога свое служење а душата свое! Служете Му на Бога и со умот и со зборот.

+++

Не треба да запаѓате во униние во однос на иднината и да се вдлабочувате во мислите како ќе живеете туку треба да говорите: „Оче наш, ..., нека биде волјаша Твоја како на небошо така и на земјата“. Господ знае што е полезно и ќе го направи. И целиот наш живот не е ништо друго освен соновско мечтање.

+++

Временскиот просперитет и наслада не се ништо друго освен мечтаење. Треба да плачеме за тоа Господ да не не лиши од вечното блаженство. Нашиот вистински живот е вечниот живот. Истото се однесува и за богатството, честа и славата, а кога Господ ќе не повика во идниот живот, каде е тоа? На небесата. Колкаво е растојанието од земјата до небото? Кој може да го достигне? Но, ќе треба да го изодиме тој пат без придружници, никој, дури ни нашите најблиски, не можат да ни бидат сопатници. И така, не измачувајте се себе си со плачење и тага за временското, а подобро секогаш говорете: „Како што Ти е угодно на Тебе, мојот Создател, така нека биде“. Свети Давид вели за себе: „Се сетив на Господа и се развеселив“ (Пс. 76, 4), Никој не може да биде ослободен од горчини во овдечниот живот, но имаме и толку утехи, кои што ни ги дава само Господ Бог. Кон Него треба да прибегнуваме. Него да Го молиме за милост.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ТЕОДОР,

архиепископот Александриски

Свети Теодор пострадал од своите сограѓани незнабошци. Кога дознале дека тој верува во Господа Христа, и дека на тоа ги поучува и елините, тие разјарени го нападнаа. Најпрвин го ставаа на тешки мачења. Потоа исплетоа венец од трње, му го ставија на главата, го тепаа по очите, го исмеваа и се подигруваа со него. Потоа го фрлија во морето, но од него тој излезе потполно здрав. Најпосле му ја отсекоа главата. Неговата света душа отиде на небото, а неговото чесно тело беше погребано во Александрија, во 606 година.

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ НАШ ОТЕЦ ТЕОДУЛ

Родум беше од островот Кипар. Го засака Христа со сета своја душа и во младоста го остави светот и стана монах. Неговите подвизи беа тешки и сурови. Сламарицата ја наполни не со слама туку со камења и на неа се одмораше. Од големото воздржување и не штедење на себеси душата му се осветли, и стана сад на даровите на Светиот Дух. Ги читаше тајните човечки помисли. Најпосле се направи луд заради Христа и така го минуваше животот. Многумина изведе на патот на спасението со својот пример и своите поуки. Мирно се упокои. И по смртта им дава исцеленија на сите кои со вера го посетуваа неговиот гроб.

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ НАШ ОТЕЦ ТЕОДУЛ ЕПАРХОТ

За време на царувањето на Теодосиј Велики бил патрициј и епарх, висок царски доглавник. Оженет, водел примерен и беспрекорен живот. По смртта на својата сопруга го раздаде на сиромасите сиот свој имот, во износ од педесет литри злато. Го напушти Цариград и отиде во Едеса. Таму се замонаши, се качи на еден столб и се подвизуваше на него цели триесет години. Овој блажен човек се удостои од Бога на ваков благодатен дар: не земше никаква храна освен што секоја недела се причестувал со Свеите Тајни на Телото и Крвта Христови и јадел по малку нафора. Живеејќи така, тој со добра надеж отиде кај Господа.

ЖИТИЕТО НА ПРЕПОДОБНИОТ НАШ ОТЕЦ САВА СТОРОЖЕВСКИ

Нашиот преподобен отец Сава од својата рана младост Го засака Господа Христа и го намрази светот, па отиде кај преподобниот Сергиј и од него прими монашки потстриг. Во монашкиот ангелски чин добро се подвизуваше, зашто сакајќи да ги добие од Господа небесните богатства, тој Му угодуваше на Бога со пост, бдеење, молитви, смиреноумието и сите останати доблести. При тоа доживеа многу искушенија од демоните, но со помошта Божја ги победи и зацарува над страстите.

Потоа, на совет од својот учител Сергиј замина од обителта Света Троица и се насели во пусто место на гората Сторожа, крај изворите на реката Москва, близу Звенигород, на педесет врсти од царскиот град Москва. Тука преподобниот Сава започна да монахува во потполно осамено молитвено тихување, поднесувајќи горештина и студ. Но, тоа не потраја долго. Гласот за неговите подвизи и светиот живот брзо се пронесе, и кај него започнаа да доаѓаат монаси и мирјани со молба да живеат покрај него и тој да ги раководи во духовниот живот. Преподобниот сите ги примаше со љубов и им беше пример за смиреноста и монашкото трудољубие. Самиот полнеше вода од реката и ја носеше на високата гора и ги работеше другите потребни работи. Со тоа сакаше да ги научи браќата да не бидат мрзливи и да не ги губат деновите во безделничење, кое што е почеток на секое зло.

Потоа христољубивиот кнез Георгиј Димитриевич му ги даде на преподобниот отец Сава потребните средства, за на тоа место да изгради храм во чест на чесното и славно Рождество на Пречиста Богородица. Преподобниот на молба на кнезот изгради храм и уреди чудесен и голем манастир на монасите за душеспасоносно живеење во него. И блажениот Сава беше добар пастир над своето стадо, утврдувајќи го во многуте доблести.

Преподобниот Сава доживеа добра старост и малку се разболе. Затоа ги свика браќата и им даде поуки од Божественото Писмо: да ја чуваат чистотота на душата и телото, да имаат љубов меѓу себе, да се украсуват со смиреност и постојано да живеат во пост и молитва.

Потоа за игумен им постави еден од своите ученици, и на сите браќа им заповедаше да му бидат послушни и покорни на игуменот. Најпосле им даде мир и последен целив на сите и во добро исповедање ја предаде својата душа во рацете Божји, во третиот ден на месец декември.

Веста за преставувањето на светиот угодник Божји Сава брзо се пронесе низ околината и сите христољубиви граѓани на Звенигород, кнезови, болјари, и обичниот народ со голема лубов се собраа на погребот, носејќи ги со себе своите болни. Откако извршија над покојникот надгробно пеење, чесно го погребаа во од него изградената црква на Пресвета Богородица. Чесните мошти на преподобниот Сава и до денес точат многу и разни исцеленија, за сите кои со вера им пристапуваат, во слава на нашиот Христос Бог, Кој прави чудеса преку угодниците Свои и по нивното преставување. На нашиот Господ слава, сега и секогаш и низ сите векови. Амин,

Раскази за чудесата на преподобниот

Многу години по преставувањето на свети Сава, игуменот на неговата обител Дионисиј една ноќ го изврши вообичаеното правило и легна да се одмори. Во сонот му се јавил чесен монах, благолик и украсен со седост и му рекол:

- Дионисиј, изработи моја икона.

Дионисиј го прашал:

- Кој си ти, оче? Како се викаш?

Благоликиот старец одговорил:

- Јас сум Сава, основачот на ова место.

Дионисиј штом се разбуди повика еден старец на име Авакум, еден од учениците на преподобниот Сава, и го праша како изгледал блажениот. Тој му го опиша. Тогаш игуменот му рече:

- Токму таков ми се јави преподобниот Сава вечерва и ми нареди да го насликам на икона.

И набрзо му изработи икона, бидејќи беше иконописец. Од тогаш започнаа особено многу да се случуваат чудеса и исцеленија на гробот на преподобниот Сава.

Во обителта на преподобниот доведоа еден бесомачен на име Јуда. За време на молебенот на свети Сава, бесомачниот викна:

- Тешко мене! Јас горам!

И кога го прашаа зошто така силно викна, тој рече:

- Видов благолик старец, кој стоеше на гробот на преподобниот Сава, држеше крст и ме осени со него. Од крстот излезе силен пламен и сиот ме изгоре. Ете, затоа силно викнав и со тој пламен од мене беше избркан нечистиот дух.

Еднаш монасите од обителта на свети Сава негодуваа против својот игумен Дионисиј. Тие упатија кај великиот кнез Јован лажно обвинување против него. Кнезот и поверува на клеветата и нареди игуменот веднаш да дојде кај него. На игуменот, кој беше во голема неволја тогаш на сон му се јави блажениот Сава и му рече:

- Зошто си загрижен, брате? Појди кај големиот кнез и храбро зборувај. Не се сомневај и Господ ќе биде со тебе и ќе ти помогне.

Угодникот Божји исто така им се јави и на некои од негодувачите и им рече:

- Вие поради тоа ли се повлековте од светот, во негодување да го вршите вашиот монашки подвиг? Вие негодувате а игуменот со солзи се моли за вас. И кој ќе победи а? Вашето негодување или неговите молитви за вас?

Кога игуменот и браќата излегоа пред кнезот и се изјаснија на судот соочени, негодувачите беа посрамени а игуменот со чест се врати во манастирот.

Еден од монасите на обителта на преподобниот Сава долго и тешко боледуваше од очите, така што ни најмалку не можеше да гледа. Еден ден дојде на гробот на свети Сава, падна на колена и со солзи молеше за исцеление. Тој започна своите очи да ги допира со покривката што беше врз неговиот кивот. Монасите започнаа да го караат поради тоа, велејќи:

- Нема да се исцелиш, само со прашината уште повеќи ќе им наштетиш на очите.

Но, монахот што со вера падна пред гробот на свети Сава доби исцеление, а монахот што го караше ненадејно беше поразен со слепило и чу глас, кој му говореше:

- Тоа што го бараше го најде, за со твојот пример и други да се научат да не се потсмеваат и да не хулат на чудесата што се случуваат од угодникот Божји.

Тогаш ослепениот со голем страв и ридање падна пред гробот на преподобниот Сава и бараше прошка, која и ја доби, но не веднаш туку по многу молитви, солзи и покајание.

Една ноќ во манастирот на свети Сава дојдоа крадци со намера да ја покрадат црквата на Пречиста Богородица. Но, кога се поткачија на прозорецот што е над гробот на преподобниот, одеднаш пред нив се испречи огромна гора, на која никако не можеа да се искачат. Ги обзеде страв и трепет и си заминаа со празни раце,

Тоа подоцна самите го раскажаа, кога со покајание дојдоа во манастирот. Останатото време од својот живот тие го поминаа во покајание.

Потоа во обителта на преподобниот Сава дојде еден болјарин Иван Ртишчев, носејќи го на одар својот болен син Георгиј, кој од голема слабост веќе не можел ни да зборува. Монасите извршија молебен за негово оздравување, и му ставија во устата манастирски квасец. И болниот веднаш проговори, ручаше на манастирската трпеза и стана здрав. Многу израдуван за оздравувањето на својот син, таткото му принесе огромна благодарност на Бога и Неговиот угодник свети Сава и рече кон преподобниот како да е жив:

- Преподобни оче! Во својот дом имам многу робови и робинки, кои страдаат од разни болести. Верувам дека ако сакаш можеш и нив да ги исцелиш.

И измоли од игуменот квасец и се врати со исцелениот син дома. Нареди да му доведат една од болните робинки, на име Ирина, која беше глува и слепа. Ѝ стави во ушите манастирски квасец и со него и ги премачка слепите очи. И веднаш Ирина започна да слуша и да гледа. Сите со запрепастување се восхитуваа на големината Божја. Потоа болјаринот повика еден од своите робови Артемиј, кој седум години беше глув. Му стави во ушите од истиот квасец и тој веднаш се исцели. Потоа ја доведоа слепата девица Кикилија, па и таа помазана со тој квасец прогледа. Но, сите тие чудеса не ги правеше квасецот туку молитвите на преподобниот Сава, и силната вера на болјаринот Иван. По извесно време и тој се разболе и откако го употреби истиот лек доби исцеление.

Игуменот на обителта на преподобниот, на име Мисаил тешко се разболе и ја изгуби секоја надеж за оздравување. Еднаш црковникот на обителта Гуриј одеше да звони за утрената. Кога поминуваше покрај црковните врати, го сретна благолик старец и започна да го распрашува како е здравјето на нивниот игумен. Гуриј му раскажа за неговата болест. Тогаш благоликиот старец му рече:

- Оди и кажи му на игуменот да ја повика на помош Пресвета Богородица и основачот на оваа обител Сава, па ќе оздрави. А ти, брате, отвори ми ја вратата да влезам во црквата.

Ѓуриј го обзеде некаков сомнеж и не сакаше да му ја отвори вратата пред ѕвоното, ниту се осмели да го запраша старецот кој е и од каде е. Но, јавениот старец се упати кон вратите, без да каже нешто и вратите сами се отворија и тој влезе во црквата. Тогаш Гуриј се врати во ќелијата и започна да го прекорува својот помошник зошто синоќа не ја заклучил вратата и му нагласил дека непознат човек влегол внатре низ отворената врата.

Меѓутоа помошникот со заклетва тврдеше дека ја заклучил.

Тогаш запалија свеќи, побрзаа во црквата и ја најдоа вратата добро затворена. По утрената Ѓуриј им раскажа на браќата се што виде и чу и сите едногласно заклучија дека старецот кој се јавил бил самиот свети Сава. Игуменот рече веднаш да го однесат на гробот на преподобниот. Таму усрдно се помоли за своето исцеление и потполно оздраве, по молитвите на Пресвета Богородица и преподобниот Сава.

И многу други чудеса и исцеленија се случуваа од гробот на угодникот Божји. И сега им се случуваат на оние кои со вера пристапуваат, со благодатта Божја а по молитвите на Пресвета Богородица и преподобниот Сава. Него и ние Го молиме, и нашите душевни и телесни нечистотии да ги исцели со своето топло посредување кај Христа Господа нашиот Бог, Кому слава низ сите векови. Амин.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ НОВОМАЧЕНИК АНГЕЛИС

Се родил во местото Аргос на Пелопонез а живеел и работел како искусен лекар во Ефес, украсен со многу доблести. Бил побожен, тивок, љубител на богослужението, милостив и голем ревнител на побожноста, поради што трпел многу карање, исмевања и понижувања од неверниците. Многу сакал да ја покаже моќта на својата вера во двобој со еден безбожен французин, па кога тој се откажал Ангелис многу сакал да пострада како маченик и со својата крв да посведочи за силата на својата вера. Во таа желба, можеби поради високоумие што има непоколеблива вера во Господа, ѓаволот го измамил та се потурчил за божем да има повод за мачеништвото. Затоа во 1813 година, во саботата на праведниот Лазар, тој се избрича, стави фес и чалма на главата и без никаков притисок и наговарање отиде и побара да се потурчи.

Но, и по одрекувањето не ја промени својата почетна цел, туку правеше неразумни постапки, за да даде повод да го одвлечат на суд, каде би исповедал дека е христијанин. Еднаш се обидел да стори божемно убиство, па бил протеран на островот Хиос, како ненормален. Таму често одел во христијанските цркви и со многу солзи долго се молел на Бога, Пресвета Богородица, Светителите а особено на светите Маченици, како и на гробот на свети Макариј Коринтски, да го удостои на подвигот на мачеништво.

По шест месеци, еден ден јавно објавил пред турците дека повторно е христијанин, и тоа видно го покажал со тоа што ја обричил брадата што ја носел како сите турци од кога се потурчил. Турците го фатија и насилно го одвлекоа во џамијата, тепајќи го кој како ќе стигне, додека тој викал:

- Убијте ме веднаш, не сакам да одам во џамијата. Јас сум христијанин.

Потоа го оковаа и фрлија во темница. (Што се правеле и како го мачеле таа ноќ, не е познато).

Утредента го изведоа од темницата и го доведоа на суд. Бидејќи не помогнаа ни ласкањата ни заканите и не успеаја да го одвратат од Христа, повторно го затворија и нозете му ги ставија во клада. Наредниот ден, гледајќи дека е непоколеблив го изведоа на местото викано Брдашце, и таму со еден удар му ја отсекоа главата. Така овој христочезнивец прими маченички венец на 3 декември, во 1813 година. Неговото свето тело турците го фрлија во морето, за да не го земат христијаните и да го почитуваат како маченик. Сега свети Ангелис се радува во Царството Небесно во ликот на светите Маченици, и се моли за нас и Го слави чудесниот Господ Христос со Отецот и Духот Свети. Амин.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ГАВРИЛ,

епископот Гански и Хорски

Христочезнивиот епископ Гаврил крстил еден евреин, кој поверувал во Господа Христа. Тамошните евреи, како упорни христоборци, отишле кај големиот везир, кој во тоа време бил во градот Брус и лажно го обвиниле дека божем крстил турчин. Везирот го изведе пред себе светиот архијереј и многу налутено му рече:

- Бидејќи си се удостоил да крстиш турчин, заслужуваш смрт и треба да бидеш обесен. Но, ако се потурчиш, јас ќе ти го подарам животот и ќе те удостоиме на голема чест и слава во нашето царство.

Блажениот архијереј бестрашно му одговори:

- Јас не крстив турчин, како што лажно ме обвинија евреите. Тоа сите добро го знаете. Евреите се исконски непријатели на христијаните. Господ Христос го распнаа а и нас христијаните постојано не гонат. Кога би имале можност, тие сите христијани би ги убиле. Јас невин страдам. Ми предлагаш да се одречам од својата вера, за да ми го подариш животот. Тоа јас никогаш и по никоја цена нема да го сторам. Никогаш нема да се одречам од преслаткиот Господ мој Исус Христос, вистинскиот Бог. Напротив, еве подгот. вен сум за мојот Господ да умрам не еднаш туку безброј пати, ако е возможно.

Везирот нареди да го фрлат во темница и да го подложат на најразлични мачења, и така насилно да го натераат да се потурчи. Но, храбриот војник Христов остана цврст и непоколеблив во верата Христова, иако бездушниците немилосрдно го мачеа. Радосно ги поднесуваше сите мачења, благословувајќи Го и славејќи Го Бога, и молејќи Го да му даде сила да поднесе уште пострашни мачења од љубов кон Него.

Известен за сето тоа, везирот најпосле нареди бестрашниот архијереј да го обесат. Џелатот го поведе светителот и го одведе на губилиштето, а тој се радуваше на бесилката. Беше обесен во 1659 година во Брус. Така славниот јунак Христов прими венец на мачеништвото во Христа Исуса нашиот Господ, Кому слава низ сите векови. АМИН.

СПОМЕН НА СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ: АГАПИЈ, СЕЛЕВК и МАМАНТ

Овие свети маченици пострадаа за Господа Христа посечени со меч.